16.03.2014.

И на Кипар огромна тага за Петар

КЛУБОТ ВО КОЈ ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ МИНА СЕДУМ СЕЗОНИ, ТАГУВА ПО БИТОЛЧАНЕЦОТ
Фудбалерите и навивачите на кипарскиот Енозис, му оддадоа почит на Петар Милошевски пред денешниот дуел со АЕК Ларнака.
Милошевски седум години од својата кариера ја мина во клубот од Паралимни. Фудбалерите и стручниот штаб видно потресени мораа да играат за првенствени бодови, а мислите им беа кон нивниот македонски брат. 13 пласираната екипа во кипарската лига Енозис Паралимни го совлада својот ривал со 2:1 и веројатно првата посвета беше за македонската легенда. 



Нема коментара:

Постави коментар