Powered By Blogger

28. 2. 2013.

„Ел Македонико„ може да почне!

НАЈВАЖНИОТ НАТПРЕВАР ВО МАКЕДОНСКИОТ КЛУБСКИ ФУДБАЛ Е ПОДГОТВЕН. ВО „ЗЕЛЕНИОТ„ ТАБОР СПРЕМНИ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ НА ТЕРЕНОТ И НАДВОР ОД НЕГО
На денешната прес-конференција во конференциската сала на стадионот под Тумбе кафе, можеше да се почувствува стариот ривалитет на големото македонско дерби. Исчекување, интерес за секој детал, организациони моменти пренеси од клубската управа и уште безброј мали нешта поврзани со мечот што најмногу значи во нашиот клубски фудбал. Во него за прв пат како тренер ќе учествува Гордан Здравков, кој не можеше да посака помотивирачки натпревар:

27. 2. 2013.

МКФ ќе го организира машкиот Куп, а женскиот пак во Делчево

Заврши лицитирањето за организација на Завршните турнири во Купот
ЖКК Клубски беше единствениот клуб кој се пријави на лицитацијата за доделување на организација на Завршните турнири од Купот, па салата „М.М.Брицо“ во Делчево втора година по ред ќе ги пречека четирите најдобри екипи кои ќе се борат за трофејот.

Битола „живее„ за ново вечно дерби

ПОД ТУМБЕ КАФЕ СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА МЕЧОТ КОЈ ТРИ МЕСЕЦИ ГО ОЧЕКУВА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ
Во градот под Тумбе кафе се бројат деновите пред стартот на вториот дел од првенството, а тој за прв пат нуди „вечно дерби„ уште на стартот на фудбалската пролет. Во Битола се подготвуваат и најмалите детали пред гостувањето на лидерот. Стручниот штаб и фудбалерите, бордот на директори и спортската структура и навивачите ветуваат дека Пелистер ќе ги положи сите тестови и околу организацијата и долу на теренот.

25. 2. 2013.

Кожув не даде да биде изненаден во Битола

Кожув дојде до очекувана победа на гостувањето против Пелистер во Битола
Пелистер - Кожув 72:82 (14:25,19:18,20:16,19:23).

Очекувана победа на фаворитот Кожув во спортската сала Младост. Гевгеличани до триумфот во Битола ги водеа одличниот Мијаиловиќ со 24 постигнати поени, дополнети со 6 асистенции и три скока, како и Караџовски кој заврши со 11 поени.

Марковски во серија, реми со Напредок во Струга

По тешкиот терен во Струга, Пелистер и Напредок одиграа 1:1 на една недела до пролетниот старт
Пелистер - Напредок 1:1 (0:0)

Стадион во Струга. Гледачи: 100
Стрелци: Марковски во 65 минута за Пелистер, а Вељаноски во 50 минута за Пелистер

21. 2. 2013.

Пелистер се подготвува за цела пролет, не само за Вардар

ДОЖДОТ И ПОВРЕДИТЕ НАЈГОЛЕМИ ГРИЖИ ЗА ТИМОТ НА ГОРДАН ЗДРАВКОВ ПРЕД ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО
Минатата есен фудбалерите на Пелистер „изгореа„ подготвувајќи се за „вечното„ дерби со Вардар. Го внесоа целиот труд и енергија на тој меч, така да по него останаа без неколку фудбалери заради повреда и санкции и им требаше повеќе од еден месец да забалежат победа. Овој пат не треба да ја повторат истата грешка. Пелистер се подготвува за пролетниот дел од првенството, а не само за Вардар и дербито на 3 март. Тоа е порака од управата на клубот и кулоарите, која треба да стигне до фудбалерите. Во Битола на големо се зборува за наредниот меч со црвено-црните. Се подготвува тимот, сите комбинации, се гледа кон традицијата, се заборава на трите есенски порази од Вардар. Дури и навивачите одамна се мобилизирале. На сите форуми, социјални мрежи, а од неодамна и на билбордите и електронките видео паноа во градот, Чкембарите повикуваат на масовност на дербито. Не изостанува ни по некоја провокација на соседната навивачката група. Сепак фудбалерите на Гордан Здравков во мир го подготвуваат предизвикот кој е пред нив. Дождот кој веќе два дена паѓа во Битола им ги поремети плановите за тренинг, а утре ќе падне дефинитивната одлука дали неделниот контролен меч со Напредок ќе се игра под Тумбе кафе или можеби на алтернативен терен во Охрид. Пелистерци мора да го сочуваат тревникот на својот стадион за мечот со лидерот и оптимисти се дека на тој меч условите за игра ќе бидат оптимални. Кире Степановски и Благојче Главевски нема да бидат подготвени за мечот со Вардар, а санирани се повредите на Марковски, Миленковски, Елмазовски, Стефан Магловски, Димитровски и Тони Вељановски, кои не играа во вторникот со Еуромилк. „Зелените„ имаа можност да го „снимат„ Вардар вчера со ОФК Београд, а веројатно ќе го следат и со Тетекс за време на викендот.    

19. 2. 2013.

Започна и заврши Еуромилк, во средината погодуваше Пелистер

БОГАТ СО НАДИГРУВАЊЕ И ГОЛОВИ ТЕСТОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ЛИСИЧЕ ПРОТИВ ВТОРОЛИГАШОТ ЕУРОМИЛК
Еуромилк - Пелистер 2:2 (1:1)

Стадион во Ново Лисиче. Гледачи: 50
Судија: Никола Костенчев (Скопје)
Стрелци: Тодоровски во 16 и Пандовски во 90 минута за Еуромилк, а Ристевски во 40 и Христов во 66 минута за Пелистер
Жолт картон: Китановски (Пелистер)
Црвени картони: нема

18. 2. 2013.

Еуромилк наредниот тест за битолчани

ПОСЛЕДНАТА ФАЗА НА ПОДГОТОВКИ, ПЕЛИСТЕР ЈА ПОЧНУВА ОД ДЕНЕШНИОТ ТЕСТ СО ЕУРОМИЛК ВО СКОПЈЕ
Големи надежи оваа пролет, пелистерци полагаат во младинскиот репрезентативец Томе Китановски, кој во декември минатата година во Анталија дебитираше и за најдобрата нашата репрезентација. Тој заедно со Драгарски и Христов од третиот ден се приклучија на подготовките на Пелистер во Дојран и одиграа уште четири контролни средби покрај мечот на нашата млада селекција во Драч.

Уште два теста за пелистерци, пред гостувањето на лидерот

ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ДОЈРАН, ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЈА ЗАПОЧНАА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА НА ПОДГОТОВКИ ЗА ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ
По саботниот спободен ден, фудбалерите на Пелистер вчера попладне имаа редовна тренажна сесија на која учествуваа скоро сите кои ги минаа десетто дневните подготовки во Дојран. Исто така и денес избраниците на Здравков ќе тренираат под Тумбе кафе, а утре во Скопје ќе одиграат контролен натпревар со второлигашот Еуромилк.

15. 2. 2013.

Резултатски дебакл на пелистерци во „Градски парк„

ПОРАЗ ОД 49 РАЗЛИКА НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ОД РАБОТНИЧКИ ВО 11 КОЛО НА ПРВАТА ЛИГА
Работнички - Пелистер 108:59 (27:14, 31:17, 33:7, 17:21)

Според очекувањата Емил Рајковиќ ја забележа својата прва прволигашка победа како тренер на Работнички во дуелот против Пелистер. Откако беше непријатно изненаден од својот поранешен клуб Фени индустри, Рајковиќ конечно имаше причина за задоволство, откако неговите избраници лесно се справија со „фенерџијата“ Пелистер, демонстрирајќи ја својата надмоќ со убедлив триумф од 108-59.

Во знакот на Чантурија и Пецаковски

ОЧЕКУВАНА ПОБЕДА НА ЗОМИМАК ВО КОНТРОЛНИОТ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР
 Пелистер - Зомимак 30:36 (15:17)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 200
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)

Од Дојран поставена основата за опстанокот

СЛИЧНО КАКО МИНАТАТА ГОДИНА, ОД ЗИМСКИТЕ ПОДГОТОВКИ ПЕЛИСТЕР ВЕРУВА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ЗАЦРТАНАТА ЦЕЛ
Фудбалерите на Пелистер од денес попладне се повторно во Битола по десетто дневните подготовки во Дојран. Втора година по ред спортскиот центар „Истатов„ беше полн погодок на управата на „зелените„ и ако минатата зима беше кована и остварена стратегијата за промоција во Првата лига, сега крај Дојранското езеро се поставија контурите за опстанокот во елитата.

14. 2. 2013.

Познат пролетниот ростер на ФК Пелистер

ФК Пелистер

Борд на директори:
Генерален извршен директор: Сашо Здравевски
Спортски директор: Миле Димов
Координатор на фудбалската школа: Сашо Илиевски
Секретар: Бруно Пресилски
Потпарол: Зоран Мишевски

Пелистерци со победа се збогуваат од Дојран

ПЕЛИСТЕР ЗАБЕЛЕЖА ПОБЕДА ВО ПЕТТИО КОНТРОЛЕН МЕЧ НА ДОЈРАНСКИТЕ ПОДГОТОВКИ
Пелистер - Руфеја 2:1 (1:0)

Стадион во Црничани
Главен судија: Војче Истатов (Струмица)
Асистенти: Златко Зафиров (Валандово) и Јован Ајцев (Дојран)
Стрелци: Марковски во 7 и Кекец во 60 минута за Пелистер, а Суља во 55 минута за Руфеја
Жолти и црвени картони: нема

13. 2. 2013.

Дождот ги расипа плановите на пелистерци

НАМЕСТО ДЕНЕС, КОНТРОЛНИОТ МЕЧ СО РУФЕЈА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ГО ИГРА УТРЕ НА ПЛАДНЕ ВО ДОЈРАН
Денешниот дожд кој интензивно паѓа во Дојран драстично ги смена плановите на Пелистер, кој мораше да направи рокада во програмата како би го презакажал пријателскиот меч со Руфеја.

12. 2. 2013.

Пелистер подобар во вторите полувремиња

ПЕЛИСТЕР ОСТАВИ ЗАД СЕБЕ ОСУМ ДЕНА ОД ДОЈРАНСКИТЕ ПОДГОТОВКИ, СО РАЗЛИЧНИ ВПЕЧАТОЦИ ОД СРАБОТЕНОТО
По нешто повеќе од една недела на зимските подготовки во Дојран, може да се повлечат првите заклучоци во таборот на пелистерци. Одлични услови, бавно комплетирање на играчкиот кадар, четири различни спаринг партнери - тоа се главните карактеристики на стројот на Гордан Здравков, кој посебно во нападот ги нема сите алтернативи на располагање.

11. 2. 2013.

Пелистер испушти победа на четвртиот тест

ПО ОДЛИЧНОТО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ, ПЕЛИСТЕРЦИ СЕ ИЗНАПРОМАШУВАА ПРОТИВ БОРБЕНИОТ СРПСКИ ВТОРОЛИГАШ МЛАДОСТ ЛУЧАНИ
Пелистер - Младост Лучани 1:1 (0:1)

Стадион: „Дојранско езеро„ - Нов Дојран. Гледачи: 50
Судии: Војче Истатов (Струмица)
Асистенти: Златко Зафиров (Валандово) и Јован Ајтев (Дојран)
Стрелци: Марковски во 49 минута за Пелистер и Гавриќ во 8 минута за Младост Лучани
Жолти и црвени картони: нема

10. 2. 2013.

Семинар за реален аикидо во Битола

Виденд гостин и викенд полн со активности во центарот за боречки вештини „Пелистер„ од Битола
Минатиот викенд во нашиот град гостуваше еден од најголемите оасови во светот на боречките вештини. Во организација на аикидо федерацијата на Македонија во Битола се одржа семинар за аикидо тренери за добивање на тренерски лиценци, на кој предавач беше големиот мајстор на оваа вештина Љубомир  Врачаревиќ

Пелистер со првиот чекор кон опстанокот

КК Пелистер ангажираше четири странски засилувања
Она што се најавуваше во последниот период, доби официјална потврда. Битолскиот кошаркарски прволигаш Пелистер Спорт и покрај тоа што досега не оствари ниту една победа, не планира да се откаже од борбата за опстанок во Првата лига и затоа ангажираше нови засилувања.

Битола пак ќе биде скијачка „мека„

Минатиот викенд на Пелистер одржано дршавното првенство во алспско скијање во велеслалом
Минатата година возобнувањето на Пелистерскиот велеслалом беше првиот чекор за заживување на еден од најпознатите скијачки центри во нашата земја и на Балканот, Пелистер крај Битола. Сега само неколку дена по несреќниот пожар на планинарскиот дом, на патеката кај Копански се одржа државниот шампионат во алпско скијање во велеслалом во организација на федерацијата на училишниот спорт.

8. 2. 2013.

Солидна игра, два минимални порази


МИРАВЦИ - ПЕЛИСТЕР 2:1 (2:0)

Во првиот котролен натпревар кој го одиграа “пелистерци“ во Дојран против екипата на Миравци, се поразени со резултат 2:1, полувреме 2:0.  За оваа средба тренерот Гордан Здравков вели дека играле добро, посебно во второто полувреме, а додава дека во оваа фаза од подготовки резултатот е во втор план.

6. 2. 2013.

Пелистер елиминиран, продолжуваат Вардар, Работнички и Струмица

Како и во претходните две години, кошаркарите на Пелистер Куп авантурата ја завршуваат во осминафиналето
Куп на Македонија (осминафинале)

Вардар - Пелистер 74:59 (16:15, 14:14, 28:9, 16:21)

Кошаркарите на Пелистер се елиминирани уште на стартот во националниот куп по поразот во Скопје. Пласман на завршниот турнир од Купот на Македонија обезбеди составот на Вардар, кој што премногу лесно ја совлада ослабената екипа на Пелистер со 74:59.

3. 2. 2013.

Одличен тест за пелистерци пред заминување за Дојран

Победата над Новаци од 6:0 го зајакнува моралот и тимскиот дух на ФК Пелистер пред подготовките во Дојран
Новаци - Пелистер 0:6 (0:3)

Стадион во Новаци: Гледачи: 100
Стрелци: Рутевски (2), С. Магловски, Кекец, Марковски (2)

2. 2. 2013.

Битола и се поклони на „златната„ Оливера

Најдобрата македонска спортистка, освојувач и на наградата „Спортист на Битола за 2012 година„
За разлика од минатата година овогодинешниот избор на најдоброто од битолскиот спорт и битолските клубови беше во видливо подобро издание, со повеќе насмевки и оптимизам. Конечно ги има меѓународните постигања, растот на инвидуалните спортови и понекоја најава дека и колективните спортови се движат по вистинска линија.

1. 2. 2013.

Александар Ангеловски најголемо засилување

ПРИСТИГНУВААТ ПРВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ВО РАКОМЕТНИОТ КЛУБ, СО НАЈАВА ЗА НЕШТО ПОДОБРА ПОЛУСЕЗОНА
Веќе две недели ракометарите на Пелистер се наоѓаат во тренажен процес под водство на Кире Поповски. Пред продолжувањето на првенството и финалната борба за што е можно подобра позиција, Пелистер се обидува да го засили играчкиот кадар за оваа пролет.

Петровски назад во Пелистер

ПЕЛИСТЕР ДОВЕДЕ УШТЕ ЕДНО НОВО ИМЕ И ТОА НА ГОЛМАНСКАТА ПОЗИЦИЈА
Деновиве се очекува официјализација, но скоро сите детали се веќе договорени. Четврто засилување на Пелистер во зимскиот преоден рок е младиот 24 годишен голман Илче Петровски, кој по шест месеци минати во Брегалница се враќа во матичниот Пелистер.