10.03.2014.

Прва победа за пелистерци, кога никој тоа не го очекуваше

ГОЛЕМА ПОБЕДА И ОСВЕЖУВАЊЕ НА АМБИЦИИТЕ ЗА ОПСТАНОК ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Пелистер - Фени Индустри 84:82 (17:19, 22:26, 20:23, 25:14)

Требаше да минат пет месеци од стартот на шампионатот за кошаркарите на Пелистер да ја издвојуваат првата победа во новата сезона.
Совладан е бившиот шампион Фени Индустри и тоа благодарение на последната четвртина, во која момците на Печалов го совладаа кавадаречкиот тим и ги обновија своите шанси за опстанок во лигата. Во одлучувачката фаза од мечот при 80:80, Давков погоди од игра и реализираше две слободни фрлања за финална победа во тежок меч во кој Пелистер постојано го бркаше водството и на крајот успеа да прокнижи значајни бодови. Целиот тим на пелистерци одигра импресивен меч. Апцев со 17 и Радисављавиќ со 79 поени се надминаа себе си. Захариевски беше стрелец на 12, а Голубовиќ на 17 поени. Давков со 7 поени, некои во клучната фаза исто така во многу нешта придонесе за подвигот. Кај кавадарчани Харис со 22 и Цветковиќ со 20 поени најпозитивни, но поразот остава горко чувство кај „портокаловите„ Пелистер со оваа победа сеуште е на две победи до скопски Карпош Соколи, но шансите за опстанок сега се оживуваат. Во наредното коло битолчани играат со младинската репрезентација на Македонија,пак во Битола на 15 март. 

Нема коментара:

Постави коментар