Powered By Blogger

8. 3. 2014.

Абдула Јусуфовски ја препородува Преспа

ЗАПОЧНУВА АМБИЦИОЗНИОТ ПРОЕКТ НА РЕСЕНСКИОТ СУПЕРЛИГАШ
Легендарниот македонски ракометар Абдула Јусуфовски е наименуван за нов тренер на Преспа од Ресен, која грчевито се обидува да обезбеди опстанок во Суперлигата.
Бившиот ракометар на Пелистер и Јафа Промет, со која стана и првак на Македонија, ќе ја спасува Преспа со новиот проект во кој што е инволвиран цел град, градските фирми и спортските работници. Јусуфовски со години работеше во Грција и ова е нов негов почеток во мак-ракометот. Со неговото драгоцено искуство, Јусуфовски и тоа како ќе му биде од корист на ресенчани. Деновиве ќе се комплетира играчкиот кадар, ќе се засили конкуренцијата и во секој натпревар следуваат искушенија за опстанокот. Денес новиот тренер ќе дебитира во Ресен притив екипата на Куманово, а наредниот викенд на 15 март, Преспа му гостува на битолски Пелистер во спортската сала „Младост„ во Битола. Вториот дел од шампионатот, Преспа ќе го заврши со средбите со Овче Поле на 22 март во Ресен и со Тинекс Пролет на 29 март во Скопје.  

Нема коментара:

Постави коментар