Powered By Blogger

28. 4. 2015.

Пелистерци плеј-аутот го почнуваат од Турново

ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ НА ПЛЕЈ-АУТОТ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Со одигрувањето на денешните последни два меча од 27 коло, заврши третиот круг од шампионатот на Македонија. Од в недела почнува плеј-офот и плеј-аутот, а познати се и двојките за преостанатите шест кола. Пелистер стартува со две гостувања во Турново и Тетово.

27. 4. 2015.

Битолчанецот Гачевски го сруши рекордот на Пачовски во мак-фудбалот

ЕДЕН ОД „КЛУЧЕВИТЕ„ ЗА УСПЕХ НА БРЕГАЛНИЦА Е БИТОЛСКИОТ ГОЛМАН ФИЛИП ГАЧЕВСКИ
Битолчанецот на голот на Брегалница, Филип Гачевски веќе 797 минути или цели 8 натпревари нема примено гол во својата мрежа. Гачевски напоменува дека по доаѓањето на тренерот Влатко Костов работите драстично се промениле, но за неговиот рекорд заслужен е целиот тим.

26. 4. 2015.

11 злата и 4 сребра за асовите на К.Б.К.“ ЗАНШИН”

ФАНТАСТИЧЕН УСПЕХ НА КИК-БОКСЕРИТЕ НА ЗАНШИН НА ДРЖАВНИОТ ШАМПИОНАТ
Овој викенд во спортската сала “НЕЛА-АР” во населба Драчево - Скопје , се одржа државните сениорско, јуниорско и кадетско првенство за пласман  на светското првенство во кик бокс , кое ќе се одржи во Шпанија од 6 до 14 септември оваа година.

„Чкембарите„ протестираат против управата на Пелистер

БИТОЛЧАНИ НА ШЕСТ КОЛА ДО КРАЈОР ОСТАНУВААТ САМО СО ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ ЗА ОПСТАНОК
Пелистер веројатно го одигра најпозитивниот меч оваа пролет, но ремито со Ренова со 1:1, не му помага премногу на битолчани. Сега во пресрет на плеј-аутот не зависат сами од себе во борбата за опстанок. Во првиот дел од натпреварот два пари судијата Ѓорѓевски го прекинуваше мечот заради некоректно навивање на битолските навивачи.

Пелистер креираше многу шанси, но ремито не му помага во борбата за опстанок

РЕМИ КОЕ НЕ ЗНАЧИ МНОГУ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПЛЕЈ-ОФОТ
Прва фудбалска лига - 27 - коло
Пелистер - Ренова 1:1 (1:1)

Стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Далибор Ѓорѓевски (Куманово)
Асистенти: Орце Стефановски (Кратово) и Саше Тошевски (Скопје)
Делегат: Гоце Шопоски (Струга)
Стрелци: Љамчевски во 4 минута за Пелистер, Емини во 37 минута за Ренова
Жолти картони: Миленковски Љамчевски, Чешмиџиев (Пелистер), а Мишковски, Мециновиќ, Емини, Реџепи (Ренова)
Црвени картони: нема 

25. 4. 2015.

Бајрамовска уште една година во Крим Меркатор

ЕДНА ОД НАШИТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРКИ, БЛЕСКА ВО СЛОВЕНИЈА И ЗАСЛУЖИ НОВ ДОГОВОР СО КРИМ МЕРКАТОР 
Битолчанката Мирјета Бајрамовска и следната сезона ќе го носи дресот на словенечкиот првак Крим Меркатор. Бајрамовска е клучната ракометарка на екипата во Лигата на шампионките. Освен со Бајрамовска, клубот го продолжи договорот и со репрезентативката на Бугарија, Елизабет Омореги.

24. 4. 2015.

Илиоски не отпатува за Бурса: „Ако не добијам помош и од општина Битола, ќе ги оставам пехарите пред Општината„

НОВ ГОЛЕМ УДАР ЗА МАКЕДОНСКИОТ МОТО-КРОС И ШАМПИОНОТ КИКО ИЛИОСКИ 
Ниту еден месец по апелот за помош и барем минимални услови за нов мотор и патувања, нема одговор за вицешампионот на источна Европа во мото-крос, Христијан Илиоски. Второто место во Грција на првата трка и тоа со старт мотор требаше да биде последна шанса инситуциите, федерацијата, Агенцијата за млади и спорт, општината или стопанствениците да помогнат, но пак ништо.

23. 4. 2015.

Заврши сезоната за Никола Митиќ

МИТИЌ СКАПО ЈА ПЛАТИ ПОВРЕДАТА НА МЕЧОТ ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ВО КРАТОВО 
Пелистер игра лошо оваа пролет, а не го штедат ниту повредите. Штотуку влезе во потребната форма и го постигна својот прв гол во дресот на битолчани, српскиот фудбалер за врска Никола Митиќ заработи повреда на коленото на почетокот од второто полувреме вчера во Кратово.

22. 4. 2015.

Примен гол на стартот и нов пораз на Пелистер

СИЛЕКС ГИ РАЗРЕШИ ГРИЖИТЕ И ГИ ЗГОЛЕМИ ГРИЖИТЕ КАЈ ПЕЛИСТЕР ПО ВОНРЕДНОТО КОЛО
Прва фудбалска лига - 26 - коло
Силекс - Пелистер 1:0 (1:0)

Градски стадион во Кратово. Гледачи: 200
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Благоја Петров (Велес)
Стрелец: Ѓорѓиев во 3 минута
Жолти картони: Драгоевиќ (Пелистер)
Црвени картони: нема

Втор пат во историјата нема битолчанец во ракометната репрезентација

КРИЗАТА НА БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТ КУЛМИНИРА СО НЕПОВИКУВАЊЕТО НА НИТУ ЕДЕН БИТОЛЧАНЕЦ ВО НАЈСИЛНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Селекторот на Македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван го соопшти скратениот список за двата натпревари со Франција од квалификациите за ЕП во Полска. По втор пат во историјата ниту еден битолчанец нема да го носи дресот на националната селекција, откако голманот Николче Митревски испадна од поширокиот список.

21. 4. 2015.

Металург е полуфиналниот Куп противник на пелистерки

ПОЗНАТИ ДВОЈКИТЕ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТЕН КУП НА МАКЕДОНИЈА
Денес во просториите на РФМ беа извлечени паровите за полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија.  ЖРК Вардар против Вардар и Металург - ЖРК Пелистер ќе се борат за влез во финалето.

20. 4. 2015.

Гостите од Задар најуспешни на велигденскиот турнир

ХРВАТСКИТЕ КЛУБОВИ НАЈУСПЕШНИ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КК„МЛАДОСТ„
Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“, Општина Битола и Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола изминатиот викенд се одржа петтиот традиционален меѓународен Велигденски турнир за млади категории „Битола 2015“. Учество зедоа 18 екипи од Македонија и Хрватска и тоа, во четири категории: девојки родени 1999/2000, девојки 2001/02, момчиња 2000/01 и момчиња 2003/04. Натпреварите се одржаа во спортската сала „Павел Шатев“ - Студентски дом и спортската сала „Младост“. По тридневни натпревари сосема заслужено првите места во три категории им припаднаа на гостите од Задар, Република Хрватска:

18. 4. 2015.

Хаџиевски: „Оваа победа ќе направи екипата да игра поопуштено„

ИСКУСНИОТ ТРЕНЕР СМЕТА ДЕКА ОВАА ПОБЕДА МОЖЕ ПСИХОЛОШКИ МНОГУ ДА ЗНАЧИ ЗА НЕГОВАТА ЕКИПА
Пелистер ги остави зад себе најлошите месеци во својата историја и ја прекина најцрната серија, која вели дека 7 месеци битолчани немаа победа во официјален натпревар во првенството и Купот. По победата од 3:1 во Прилеп против Тетекс, зелените веруваат дека „фрлија„ голем психолошки терет од себе и сега ќе играат подобро.

Пелистер од прекин го доби Тетекс и го прекина постот долг седум месеци

СКРШЕН МАЛЕРОТ ВО ПРИЛЕП И ПЕЛИСТЕР КОНЕЧНО ПОБЕДИ, БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПРЕКИНИТЕ И КОНЦЕНТРАЦИЈАТА 
Прва фудбалска лига - 25 коло
Пелистер - Тетекс 3:1 (2:0)

Стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Блерим Бесими (Тетово)
Стрелци: Тодоровски во 21, Степановски во 39 и Митиќ во 90 минута за Пелистер, а Стојковски во 77 минута за Тетекс
Жолти картони: Миленковски, Анастасов (Пелистер), Мишовски (Тетекс)
Црвени картони: нема 

17. 4. 2015.

Започна силниот Велигденски турнир во кошарка за млади категории во Битола

ПЕТТА ГОДИНА ПО РЕД ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ВО БИТОЛА СЕ ОДИГРУВА СИЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ЗА МЛАДИ КАТЕГОРИИ
Денес во Битола почна петтиот меѓународен Велигденски тунир во кошарка за млади категории во организација на КК Младост од Битола, општина Битола и универзитетот Свети Климент Охридски. Во три спортски сали во Битола овој викенд 18 екипи во четири возрасни категории ќе се борат за триумф на турнирот.

Во вторник ждрепка и домаќинство на женскиот Куп, Битола можен домаќин на фајнал-фор?

ВЕРОЈАТНО НА ПОЧЕТОКОТ НА МАЈ, ВИКЕНД КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРАЗНИК НА ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ ВО БИТОЛА


Познати се сите четири екипи кои ќе играат на завршниот турнир на женскиот Куп на Македонија. Во вторник РФМ ќе ги одреди двојките за полуфиналето кое ќе се игра на 2 мај, а финалниот меч е ден подоцна. Битолски Пелистер, ЖРК Вардар, втората екипа на Вардар и Металург се екипите кои ќе се борат за трофејот, кој од минатата година го брани ЖРК Вардар.

Пелистер денес тренира во Прилеп, а утре брка победа по седум месеци

БИТОЛЧАНИ МОЖЕБИ ЌЕ СЕ РАДУВААТ ВО ПРИЛЕП, КОГА ВЕЌЕ ВО БИТОЛА НЕ ПОБЕДИЛЕ СЕДУМ МЕСЕЦИ
Можеби судбината сака Пелистер својата најдолга црна серија во клубската историја да ја прекина во соседниот Прилеп. Заради првата фаза на реконструкција на стадионот под Тумбе кафе, момците на Ѓоко Хаџиевски преостанатите пет натпревари за бодови ќе ги играат на стадионот „Гоце Делчев„ во Прилеп.

15. 4. 2015.

Започна првиот чекор од реновирањето на стадионот под „Тумбе кафе„

ДОЛГО ОЧЕКУВАНОТО ПОДНОВУВАЊЕ НА СТАДИОНОТ ВО БИТОЛА ПОЧНА СО МЕНУВАЊЕ НА ТРЕВАТА
Пелистер своето домаќинство до крајот на овој шампионат ќе го помести од Битола во Прилеп, откако багерите вчера влегоа на тревникот на стадионот и ја започнаа предвидената реконструкција, за која ФФМ и општина Битола неодамна потпишаа договор.

13. 4. 2015.

Пелистер плеј-аутот во Битола го почна со победа над Охрид

ВО ТВРД И НЕРВОЗЕН НАТПРЕВАР, ПЕЛИСТЕР ГО СОВЛАДА ОХРИД ВО ПЛЕЈ-АУТ МЕЧ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ 
Пелистер - Охрид 25:23 (12:12)

Битолски Пелистер му го нанесе првиот пораз на ракометарите на Охрид во плеј-аут лигата победувајќи го со 25:23 (12:12) во спортската сала „Младост„. Д

12. 4. 2015.

Илиев по истото сценарио пак го совлада Пелистер

БИВШИОТ ПЕЛИСТЕРЕЦ ПАК КОБЕН ЗА СВОЈАТА БИВША ЕКИПА
Прва фудбалска лига - 23 коло
Брегалница - Пелистер 1:0 (0:0)

Градски стадион во Штип. Гледачи: 2000
Главен судија: Димитар Мчекаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Зоран Јовановиќ (Гевгелија)
Стрелец: Илиев во 55 минута за Брегалница
Жолти картони: Христов (Брегалница), Чешмиџиев, Биљали (Пелистер)
Црвени картони: нема 

9. 4. 2015.

„Тумбе кафе„ оди на реновирање, Пелистер ќе игра во Прилеп?

ПЕЛИСТЕР ЌЕ ИГРА ДОМАШНИ МЕЧЕВИ ВО ПРИЛЕП, А СТАДИОНОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ ЌЕ БИДЕ РЕНОВИРАН
Без разлика што пред неколку недели Пелистер се изјасни дека сака да игра на свој терен до крајот на сезоната и да го одложи реновирањето на стадионот „Тумбе кафе„ денес стигна потврда дека стадионот ќе биде затворен за натпревари и тренинзи, бидејќи следува првиот чекор од подновувањето на застарениот спортски објект во Битола.

7. 4. 2015.

Нов пораз и поглед кон Втората лига за битолски Пелистер

ПАК НЕУСПЕХ И МОЖЕБИ КОБНИ МОМЕНТИ ЗА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ВО КЛУЧНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
Прва фудбалска лига - 23 коло
Металург - Пелистер 3:1(1:0)

Стадион „Борис Трајковски„ - населба Маџари - Скопје. Гледачи: 500
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти: Горан Манасиев и Петар Новачев (Велес)
Делегат: Ветон Кранлиевски (Ресен)
Стрелци: Наумовски во 22, Ѓеорѓиевски во 47 и Радески во 62 минута за Металург, а Биљали во 47 минута за Пелистер
Жолти картони: Стојановски, Радески (Металург), а Крстески и Чешмиџиев (Пелистер)
Црвени картони: нема 

Пелистер преку Преспа го почнува националниот Куп, Феникс налета на Металург


ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ОД ПРВОТО КОЛО НА НАЦИОНАЛНИОТ КУП

Во Ракометната федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за осминафиналните групи од машкиот Куп на Македонија.

Пелистер мора да се „вади„ против Металург за поразот од турновци

ПРОТИВ МЕТАЛУРГ, ПЕЛИСТЕР НЕ СМЕЕ НИ ДА ПОМИСЛИ НА ПОРАЗ, БИДЕЈЌИ АМБИСОТ НА ВТОРАТА ЛИГА Е СЕ ПОБЛИСКУ 
Ако во плановите на пелистерци беше победа во директниот дуел со Хоризонт Турново, првичниот план не успеа и екипата на Хаџиевски ќе мора бодови за опстанок да бара на гостувањата кај Металург и Брегалница оваа недела. Против скопските зелени, тренерот на битолчани до последен момент нема да знае дали ќе може да смета на Гоце Тодоровски и Миле Петковски.

5. 4. 2015.

Илиоски трет во Јаница на отворањето на сезоната во источно-европскиот шампионат

ЗАПОЧНА ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО МОТОКРОС СО ДОБАР РЕЗУЛТАТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МОТОКРОСИСТИ
Битолчанецот Христијан Илиоски го освои третото место во двете трки од стартот на Источно-европското во Јаница, Грција. Во класата МХ1, каде што по вчерашното прво место во квалификациите и денес Кико беше одличен и заврши зад Георгиос Арванитис (Грција) и Тодор Тотев (Бугарија). 

Охридски „Фер-плеј„ слави во Босна, битолчанецот Димитровски нај-стрелец

НОВ БЛЕСОК НА ТАЛЕНТИРАНИТЕ БИТОЛСКИ МОМЧИЊА, ОВОЈ ПАТ ВО ДРЕСОТ НА ОХРИДСКИ ФЕР-ПЛЕЈ

Фудбалската школа „Фер плеј„ од Охрид е победник на третиот традиционален турнир за млади категории „Пелагичево Куп 2015„. Ова е турнир за фудбалери родени 2003 година и помлади.

4. 4. 2015.

Степановски: „На многу млади наши фудбалери, тешко им падна овој пораз„

РАЗОЧАРУВАЊЕ И ПО НЕКОЈА СОЛЗА ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА НА ПЕЛИСРЕР ПО ПОРАЗОТ ОД ХОРИЗОНТ ТУРНОВО 
По поразот од Брегалница во 19 коло, сега Пелистер загуби уште еден директен дуел за опстанок во Битола против Хоризонт Турново и ја направи својата ситуација на табелата драматична. Младата битолска екипа претрпе тежок психолошки удар, а голем дел од фудбалерите беа потиштени во соблекувалната.

„Бомбата„ на Најденов ги замрзна битолчани

НОВ ПОРАЗ ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ ЗА ОПСТАНОК И ЗНАЧИТЕЛЕН ЧЕКОР НАЗАД ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО БОРБАТА ЗА ОПСТАНОК
Прва фудбалска лига - 22 коло
Пелистер - Хоризонт Турново 0:1 (0:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 1500
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Зоран Костоски и Марјан Смилкоски (сите од Прилеп)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Стрелци: Најденов во 81 минута за Хоризонт Турново
Жолти картони: нема
Црвени картони: нема

Турново е првото пролетно финале за Пелистер

ПРВИОТ ОД ТРИТЕ ДИРЕКТНИ ДУЕЛИ ЗА ОПСТАНОК, ПЕЛИСТЕР ГО ИГРА ДЕНЕС ВО БИТОЛА ПРОТИВ ТУРНОВЦИ
Денешниот меч со Турново е прв од трите директни дуели во седум дена за екипата на Пелистер. Ремито против Вардар ја врати позитивната атмосферата и вербата во младата група на фудбалери на Хаџиевски.

2. 4. 2015.

Илиоски: „Ќе возам и со стар мотор, со сопствени пари и без ничија помош, но не знам до кога вака...„

СЕКОЈА ГОДИНА ИСТИТЕ МАКИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТИ
Почетокот на новата сезона од Истoчно европскиот шампионат во мото-крос е на 4,5 април во Јаница (Грција). Младиот битолски мото ас, Христијан Илиоски се соочува со истите проблеми како и претходните неколку години. Иако е вицешампион и победуваше и со стар мотор, Кико не е во можност повеќе да гарантира дека ќе ја извози целата сезона, заради недостаток на средства и нов мотор:

Степановски пак во стројот, по половина година ќе игра в сабота со Турново

ПОЛЕКА СЕ ПРАЗНИ „БОЛНИЦАТА„ ПОД ТУМБЕ КАФЕ. СТЕПАНОВСКИ ВЕЌЕ МУ Е НА РАСПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ ОВОЈ ВИКЕНД СО ТУРНОВО
Додека „срцето„ на одбраната на Пелистер го сочунуваа Методија Степановски и Александар Крстески, Пелистер имаше најдобра одбрана во лигата и на ниту еден натпревар не прими повеќе од еден гол. Во средината на септември истовремено двајцата се повредија и битолскиот „брод„ почна да тоне.

1. 4. 2015.

Успешна скијачка сезона за битолчанецот Марјан Нашоку

ЗАВРШИ СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА, НАЈУСПЕШНА ВО КАРИЕРАТА НА МАРЈАН НАШОКУ
Македонскиот репрезентативец 19 годишниот,битолчанецот Марјан Нашоку, кој е член на скијачкиот клуб Пелистер, со ФИС натпреварите во скијачкиот центар Колашин во Црна Гора, успешно ја заврши овогодишната натпреварувачка сезона.

Ивановски го одведе Видеотон во полуфиналето на Купот

ПРОДОЛЖУВА ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД НА ИВАНОВСКИ ВО УНГАРСКИОТ ВИДЕОТОН 
Македонскиот репрезенттаивец Мирко Ивановски го постигна својот втор гол во период од десет дена во дресот на унгарскиот тим Видеотон. Битоскиот напаѓач денес погоди на гостувањето кај Печи во победата од 0:3 во реванш натпреварот од осминафиналето во Купот на Унгарија.

Јове Трајковски мора на нова операција на препоните

НОВ МАЛЕР ЗА МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР, ЈОВЕ ТРАЈКОВСКИ 
Младиот 19 годишен фудбалер на Пелистер, Јове Трајковски се соочува со нова подолга пауза, заради која нема да настапи до крајот на овој шампионат. Брзоногиот фудбалер кој е изданок од школата на Пелистер во декемрви минатата година ги оперираше препоните од десната нога.