Powered By Blogger

23. 3. 2014.

Битолските куглари прокоцкаа победа против Работнички

НИ ВОДСТВОТО ОД 4:2 НЕ ИМ БЕШЕ ДОВОЛНО НА БИТОЛСКИТЕ КУГЛАРИ ЗА ПОБЕДАА ПРОТИВ СКОПСКИОТ РИВАЛ
Хераклеа - Работнички 4:4

Кугларите на Хераклеа ремизираа со еден од фаворитите во кугларската лига на Македонија, екипата на Работнички од Скопје.
Битолските куглари предводени од Пеце Димовски, кој со 581 освоен поен беше најдобар на натпреварот, добро почнаа и поведоа со 2:0. Индивидуално заедно со Игор Михајловски ги победија своите противници од Работнички. Единствено во битолскиот табор загубија Милош Божиновски и Сотир Гулевски, кој пред две кола беше во најдобрите седум куглари со освоени 575 поени. Тимски, екипата на Работнички се консолидира и израмни на 4:4, иако Хераклеа имаше водство од 4:2, во поединечна конкуренција. Сепак тоа беше конечниот резултат на натпреварот што му носи по бод и на двете екипи. Ова е значаен бод, вреден како победа за битолските куглари, имајќи во предвид дека противникот од Скопје беше фаворит. Но кугларите на Хераклеа докажаа дека не се предаваат така лесно и се борат до крај со сите сили. Единствено беа максимално надиграни од шампионот Макпетрол. Следниот викенд момците од Битола ја пречекуваат екипата на Тутунски Комбинат .

Нема коментара:

Постави коментар