26.03.2014.

Спировски стартер, Берое носи бод од Софија

СПИРОВСКИ НАСТАПИ 72 МИНУТИ, БЕРОЕ НЕПОРАЗЕН ВО ГЛАВНИОТ ГРАД
Во рамките на вонредното 29 коло од најсилното првенство на Бугарија, македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се најде во стартниот тим на гостувањето кај Локомотив во Софија.
Неговиот Берое, кој игра одлично оваа пролет и попладнево во главниот бугарски град остави добар впечаток и ремизираше без голови против домашниот Локомотив. Спировски играше 72 минути пред да биде заменет со Динков. Младиот битолчанец имаше неколку инвидуални акции, а заработи и жолт картон во 48 минута. По ова реми „зелените„ од Стара Загора останува на осмото место (прво во плеј-аутот) и со 43 бода и со спокој гледа на последните кола.

Нема коментара:

Постави коментар