Powered By Blogger

7. 3. 2014.

Брдаровски: „Ќе се каат тие што не отпишуваат предвреме„

ОД БИТОЛСКИОТ ТАБОР НАЈАВУВААТ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОТПИШУВААТ БИТОЛСКИТЕ ЗЕЛЕНИ НА ДЕРБИТО ВО НЕДЕЛА
Единствениот натпревар во Првата македонска лига за кој фаворит не постои и изгледот на првенствената форма не е важен е „вечното дерби„
Затоа Пелистер се надева дека поразот од Работнички нема да влијае врз подготовката на мечот в недела. Битолчани имаа доволно време да го анализираат за нив најлошиот меч оваа сезона и да извлечат поуки. Само ако го сменат пристапот и „гинат„ за секоја топка имаат некакви шанси за позитивен резултат против Вардар. До последен момент ќе биде неизвесен настапот на Христијан Драгарски, кој минатата недела на тренинг се пожали на повреда на мускулот и заради таа повреда ги пропушти и мечот со Работнички и дуелот на младинските селекции на Португалија и Македонија во Барселос. Десниот бек Владица Брдаровски со нетрпение го чека мечот со најлутиот ривал и бара реванш за незаслужениот домашен пораз од 1:2, кога долго време се дискутираше за поништениот гол на Драгарски заради офсајд: „Не можеме да одиграме толку слабо како што тоа го сторивме со Работнички. Сите сме свесни дека не смееме да играме така анемично, слабо и неамбициозно. Со Вардар потребен е друг Пелистер, кој само со вистински пристап, квалитет и мотивација за секоја топка може до успех. Не ни треба дополнителна мотивација за ваков натпревар, а се обидуваме и да не гледаме на табелата. Во ова првенство прогнозите не се исполнуваат и верувам дека тие што не отпишаа ќе се каат в недела навечер„ истакна бившиот младински репрезентативец и фудбалер на Работнички. Управата на Пелистер вечерва ќе одлучи каде ќе замине во карантин во сабота попладне, за да го изолира тимот од притисокот и во мир да го подготви второто „вечно„ дерби оваа сезона. Традицијата не ги „милува„ битолчани кои славеле на само три натпревари во Скопје. Два пати тоа биле првенствени и еднаш Куп натпревар. Хет-трикот на Адриано Миранда пред шест сезони за победа од 1:3 и ланскиот триумф од 0:1 со реализираниот пенал на Илир Елмазовски ,се најпријатните сеќавања на „Чкембарите„ Нив в недела ќе ги има во голем број, па ќе го соборат и рекордот по бројност на една гостинска навивачка група во историјата на мак-фудбалот.

Нема коментара:

Постави коментар