Powered By Blogger

10. 3. 2014.

Новески и Мајнц спасуваа бод против Херта

НОВ ОДЛИЧЕН МЕЧ НА НОВЕСКИ И РЕМИ НА МАЈНЦ ПРОТИВ БЕРЛИНСКА ХЕРТА
Сега веќе легендарниот капитен на Мајнц 05, битолчанецот Николче Новески одигра уште еден одличен натпревар, а Мајнц 05 ја продолжи својата серија во Бундеслигата.
Во последниот меч од 24 коло, црвените спасуваа бод против новиот прволигаш Херта. Гостите од Берлин поведоа со голот на Адријан Рамос во 5 минута, а камерунецот Чупо Мотенг од пенал во 65 минута ги постави финалните 1:1. Со ова реми, екипата на Мајнц 05 падна за едно место, сега е седма со 38 бода, исто колку и шесто пласираната екипа на Аугсбург. Во наредното коло в сабота на 15 март од 15:30 часот Мајнц му гостува на Хофенхајм. 

Нема коментара:

Постави коментар