10.03.2014.

ФОТО: Браво за Вардар и за „Комитите„

ТРАНСПАРЕНТОТ НА ВАРДАРОВИТЕ НАВИВАЧИ, НАИДЕ НА ОДОБРУВАЊЕ НА ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА СПОРТСКА ЈАВНОСТ
Пред почетокот на „вечното дерби„ управите на двата клуба беа на заеднички ручек, што треба да биде традиција на мечевите на двата наши најголеми клуба во иднина.
Ривалството останува на теренот и на трибините, но двете управи покажаа манири на големите клубови. За време на мечот за поздравување е транспарентот кој се појави на западната трибина на националната арена „Филип втори„ а кој гласеше: „Битола заслужува нов стадион„ И немаше да биде изненадување ако не доаѓаше од навивачите на Вардар, а не од „Чкембарите„ Цел стадион со аплауз го поздрави транспарентот и само ги засили желбите на сите битолчани, но и на сите кои го сакаат фудбалот во Македонија. Штета што честитките не си ги заслужи и судијата Димитар Мечкаровски за својата работа. Очигледно во последно време реткост е кога на „вечното дерби„ ќе го пофалите начинот на кој се судеше.

Нема коментара:

Постави коментар