Powered By Blogger

30. 9. 2012.

Струмичани прелесно до целиот плен

ТРЕТ МЕЧ И СО ТРЕТ ПОРАЗ ВО СУПЕР ЛИГАТА ЗА МЛАДИОТ ТИМ НА ПЕТКО БОСЕОВСКИ
Битола - Зомимак М 25:42 (12:24)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 300
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелоски (Прилеп)
Делегат: Бранко Вељанов (Неготино)

28. 9. 2012.

Пелистерци мотивирани и оптимисти пред дербито

ПО ЕДНОГОДИШЕН ПОСТ НА СЦЕНА ПАК НАЈГОЛЕМОТО ДЕРБИ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ
Откако го верификуваа пласманот во четвртфиналето на Купот, фудбалерите на Пелистер се насочени кон мечот кој толку долго го чекаа. Без разлика каде се на табелата, Пелистер и Вардар во „вечното дерби„ секогаш се мотивирани и тој меч е меѓу ретките работи во нашиот фудбал. кој треба да се издвои.

27. 9. 2012.

Пелистер е последниот четвртфиналист

Екипата на Пелистер е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија, откако денеска на реванш осминафиналната пресметка против второлигашот Баби во Штип ремизираше 1-1, сосема доволно за пласман понатаму по убедливата победа од 5-0 на првиот дуел во Битола.

23. 9. 2012.

Шоу на битолските напаѓачи под „Тумбе кафе„

НАПАЃАЧИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ЈА „СКРШИЈА„ОДБРАНАТА 
Пелистер - Ренова 3:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 1.000
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Душко Милошевски и Дејан Неделковски (сите од Скопје)
Делегат: Митко Локоски (Охрид)
Стрелци: Главевски во 48 и 75  и Димитровски во 54 минута за Пелистер, а Андонов во 77 минута за Ренова
Жолти картони: Б. Марковски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Пелистер прокоцка победа во последните две минути

Во изедначен натпревар во Битола, Пелистер и Куманово ремизираа во драматичен финиш
Пелистер - Куманово 26:26 (14:15)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 600
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Делегат: Благој Петров (Велес)

Наковска Бикова доби 30.000 евра од Владата

Златната параолимпијка доби заслужена награда од сите државни структури, а парично и од владата
Новата параолимписка шампионка, Оливера Наковска - Бикова, доби награда од 30.000 евра од Владата на Република Македонија, за огромниот успех и освоениот златен медал на Игрите во Лондон што завршија пред само неколку дена. Наковска - Бикова во изминатиот период доби неколку награди за ова свое фантастично достигнување, а најбогатата стигна од Владата, која што на својата вчерашна седница донесе одлука да ја награди македонската параолимпијка.

Златната Наковска Бикова пристигна во Македонија

ЗАСЛУЖЕНА ЕУФОРИЈА ВО НАШАТА ЗЕМЈА ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ЗЛАТНАТА ПАРАОЛИМПИЈКА ОД БИТОЛА
Македонската параолимпијка Оливер Наковска Бикова заедно со останатата наша експедиција од Лондон, предводена од тренерот Бранислав Јовановски и вториот параолимпиец Ванчо Каранфилов денеска околу пладне пристигнаа на скопскиот аеродром каде беа пречекани од претставници на домашните државни институции, спортски фанови, роднини и пријатели.

Оливера ја позлати Македонија

Битолската параолимпијка не направи горди со првото злато од најголемиот спортски собир за нашата земја.
Битолчанката Оливера Наковска Бикова испиша златни страници во историјата на македонскиот спорт откако се закити со најсјајното одличје на Параолимписките игри што се одржуваат во Лондон. Македонската репрезентативка го освои првото место во стрелаштво, дисциплина воздушен пиштол од растојание од 10 метри откако доминираше во текот на целиот натпреварувачки ден. Наковска Бикова најпрвин беше фантастична во текот на квалификациите, успевајќи да постави нов светски рекорд со остварувањето од 381 круг.Тоа широко  и ги отвори вратите кон успехот, па македонската репрезентативка делуваше сигурно и во финалето, каде што со резултат од 94,7 кругови го осигура првото место и го заврши натпреварувањето со златен медал на градите. Со тоа, Оливера Наковска Бикова ја круниса својата одлична кариера, откако на претходните две Параолимписки игри за малку не стигна до медал.


Наковска Бикова: „Огромна е возбудата по златниот медал“


Очекувано огромно е задоволството во македонскиот табор по вчерашното освоено злато на Оливера Наковска Бикова на Параолимпијадата во Лондон, прво за нас по 1992 година кога во Барселона до најсјајното одликување стигна актуелниот тренер на параолимпијците Бранимир Јовановски. Нескриена е се уште возбудата и кај Наковска Бикова која успеа да го постигне својот најдобар резултат во кариерата, сето тоа заокружено со светски рекорд и златен медал...
„Возбудата не може да се сокрие. Секако пресреќна сум, за себе и за Македонија. По првите одлични серии потоа успеав да останам концентрирана до крај што неизбежно ме однесе до златниот медал“ – вели Оливера, ден по нејзиниот ден за паметење. „Македонија треба да биде горда на големиот успех кој го постигна Оливера. Треба вистински да се разбере тежината на постигнувањето кое уште еднаш ја прослави Македонија. Постигна навистина одлично постигнување ако се знае дека подготвителниот период не течеше комплетно според нашите посакувања. Но и покрај проблемите овде во Лондон успеавме пред се психички да се подготвиме и да дојдеме до овој голем резултат“ - истакнува и тренерот Бранимир Јовановски нагласувајќи дека нема многу време за прослава затоа што веднаш следат подготовките за новите настапи. „Верувам дека нема да застанеме само на овој медал. Веднаш почнуваме со подготовките за другите две дисциплини на кои ќе настапат нашите натпреварувачи. Во добра форма се и двајцата па очекуваме нови позитивни вести од стрелачкиот турнир“ - дополнува Јовановски. Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска Бикова новите натпреварувачки активности ги имаат веќе во понеделник во дисциплината спортски пиштол, за да финишираат на 6. септември во дисциплината пиштол - слободен избор.

Победа за РК Пелистер, пораз за РК Битола

Битола - Овче Поле 28:34 (17:18)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 300
Судии: Васе Зиковски и Саше Ѓорѓевски (Скопје)
Делегат: Неделко Неделковски (Скопје)
Црвен картон: Игор Трајковски (Битола)

Божиновски ги „потопи„ зелените

Трет меч и трет пораз на фудбалерите на Пелистер на гостувањата во официјалните мечеви во новата сезона
Тетекс - Пелистер 2:0 (1:0)

Баукот од гостувањата на фудбалерите на Пелистер продолжува. Трет меч и трет пораз, овој пат од последно пласираната екипа Тетекс, кој до овој меч немаше ниту бод во Првата лига. По врнежливо време, зелените беа бодрени од 100 тина навивачи кои допатуваат од Битола по првите гостински бодови во сезоната.

Главевски и Димитровски го носат Пелистер во четвртфинале

Со перфектна реализација на двата напаѓачи, Пелистер стигна до трета домашна победа во серија
Пелистер - Баби 5:0 (2:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 400
Главен судија: Тоше Ицев (Кавадарци)
Асистенти: Гоце Недев (Кавадарци) и Ирена Велеваческа (Прилеп)
Делегат: Роберт Пластиноски (Ресен)
Стрелци: Димитровски во 21 ,64 и 93 и Главевски во 32 и 48  минута за Пелистер
Жолти картони: нема
Црвени картони: нема

Пелистер полуциден пред празниот битолски „Тумбе кафе„

ВТОРА ДОМАШНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ, ВО МЕЧ ВО КОЈ ЌЕ СЕ ПАМЕТИ САМО РЕЗУЛТАТОТ
Пелистер - Напредок 2:0 (1:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Без гледачи
Главен судија: Дејан Јакимовски
Асистенти: Дејан Неделковски и Дејан Димитријевиќ (сите од Скопје)
Делегат: Гоце Марковски (Охрид)
Стрелци: А. Вељановски во 24 и Ристевски во 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Елмазовски, Лазаревски, Ивановиќ (Пелистер)
Црвени картони: нема

Трето враќање на Митевски

Ракометарот од Свети Николе пак се враќа во клубот во кој мина повеќе време дури и од матичниот Овче Поле
РК Пелистер во новата сезона ќе влези со уште едно засилување. Тоа е повратникот во дресот на РК Пелистер - десното крило Васил Митевски, кој по 6 месеци се враќа повторно во Битола.

Со Напредок по бодовите оставени во Скопје

КАКО ДА СЕ ЗАБОРАВИ МЕЧОТ СО РАБОТНИЧКИ И ДА СЕ ПОДГОТВИ ГОСТУВАЊЕТО НА НАПРЕДОК - ГЛАВНА ДИЛЕМА НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Различни заклучоци донесоа вљубениците на зелената боја по вонредното 4 коло играно во средата. Зад себе ја оставија најдобрата партија во оваа полусезона, но од „Филип 2 арената„ не донесоа ниту бод. Сигурно сите би биле позадоволни со обратната варијанта, но и тоа е дел од магијата на фудбалската игра. Горазд Михајлов го потврди тимот кој ја совлада Брегалница, но ќе видиме дали истото ќе го направи трет пат по ред, со оглед на тоа што во една недела се играат три тешки мечеви со екипи со приближен квалитет.

Тренинг победа на пелистерци

СО ПОЛОВИНА СИЛИ КОМБИНИРАНИОТ ТИМ НА ПЕЛИСТЕР ОБЕЗБЕДИ КУП ОСМИНАФИНАЛЕ
Пелистер - Славеј Мешеишта 6:0 (4:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 200
Главен судија: Васко Мавров (Струмица)
Асистенти: Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија) и Златко Зафиров (Валандово)
Делегат: Јован Магдески (Прилеп)
Стрелци: Рутевски во 29, Мустафов во 34, А. Вељановски во 40, Т. Магловски во 45, Главевски во 70, Н. Марковски во 75 минута за Пелистер
Жолти картони: нема
Црвени картони: нема

Главевски одлучувачки фактор во Битола


Пелистер - Брегалница (Ш) 1:0 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Без гледачи
Главен судија: Никола Костенчев
Асистенти: Александар Димовски и Марјан Стојанчевски (сите од Скопје)
Делегат: Миле Андоноски (Прилеп)
Стрелци: Главевски во 76 минута за Пелистер
Жолти картони: Миленковски, Елмазовски, Димитровски (Пелистер), Митров (Брегалница (Ш))
Црвени картони: нема
Играч на натпреварот:
Благојче Главевски (Пелистер)


            Фанатичната борбеност пред се во второто полувреме, беше факторот кој го одлучи дуелот на новиот прволигаш со лидерот. Натпреварот во нереална атмосфера, без публика, но со постојани скандирања на Чкембарите кои навиваа од соседниот рид, започна мирно, со период без шанси, со многу грешки, во шаховско надмудрување на двајцата тренери. Првата грешка ја направи гостинскиот голман Александар Чановиќ, кој непотребно го напушти голот, а Китановски иако убаво лобуваше за малку го префрли голот. Гостите единствената закана ја имаа во 30 минута кога Росендо Хорасио биеше од 25 метри, но централно, па Коруновски без проблеми интервенираше. Со удар од дистанца изворедно се обиде и А. Вељановски пред одморот, но топката неколку сантиметри заврши над пречката. Најзрелата шанса ја имаше Брегалница во 43 минута, кога аргентинецот Хорасио повлече контранапад, одлично пласираше во спротивниот агол, но среќата ги посака битолчани и ударот заврши за малку крај левиот дирек на Коруновски. Изедначеното прво полувреме заврши со скромна оценка за прикажаното, како фудбалерите да не можеа по големата битолска спарина да го дадат максимумот.
            Второто полувреме почна со голема грешка на битолската одбрана, по која Митров го лобуваше Пеце Коруновски, но Сашо Лазаревски од самата гол линија спаси чист гол. Слична акција гостите конструираа преку Белчев 5-6 минути подоцна, но Наумов од тешка позиција со глава го префрли голот. Стерилна беше нешто поактивната игра на штипјани на средината на теренот, а битолчани со влегувањата на Миленковски и Димитровски добија на ентузијазам и свежина. Во интервал од две минути, битолчани имаа две стопостотни шанси. Елмазовски од 35 метри, ги загреа ракавиците на Чановиќ, а по корнерот кој следеше топката се шеташе по гол линијата, но остана во петерецот на Брегалница. Тони Вељановски биеше со глава по корнерот на Миленковски, но Чановиќ со многу среќа и снаодливост ја расчисти опасноста.
            Сепак по најубавата акција во натпреварот, Ивановиќ префрли на левата страната, Филип Миленковски центрираше на петерец, а Благојче Главевски високо скокна и ја „закова„ топката во мрежата на штипјани. „Вештачкиот притисок„ на лидерот од Штип не ги поколеба зелените да издржат до првата победа. Големата желба и одличното второ полувреме ни награди пелистерци да се радуваат на првата победа во новата сезона.



Горазд Михајлов
(тренер на Пелистер)

            Заслужено се радуваме на победа против една многу квалитетна екипа како Брегалница. Клучен момент беше што фудбалерите ја сватија пораката на полувремето, дека можеме до победа и дека голот кога-тогаш ќе дојде. Го сменив системот на игра, додадов уште еден напаѓач и оваа екипа уште еднаш покажа карактер, дека умее и со најдобрите и им честитам на фудбалерите. Оваа победа им ја посветувам на нашите навивачи, кои покрај суспензијата не бодреа од Тумбе кафе и покажаа дека секогаш се со нас.



Никола Спасов
(тренер на Брегалница (Ш))

            Не сум задоволен од прикажаното. Мислам дека заслуживме повеќе од натпреварот. Моите фудбалери играа на победа и беа казнети. Честитки за борбеноста на фудбалерите на Пелистер. На крајот имаа и малку среќа и заслужено се радуваа.



Чкембарите со пароли против ФФМ

            Мечот доцнеше 10 минути заради присуството на навивачите на Пелистер, на зидната ограда на стадионот под Тумбе кафе со пароли против федерацијата. Имено Чкембарите извадија транспарент на кој апелираат против аршинот да се суспендира теренот во Битола. Најверните битолски „фанови„ своите миленици ги бодреа од ридот над Тумбе кафе, од каде може нормално а се гледа натпреварот. Тие во текот на целиот натпревар скандираа и ја бодреа својата екипа,


И без публика Пелистер ветува витештво

Иако очекуваа казна, првите луѓе на Пелистер се сепак изненадени од одлуката на дисциплинската комисија да го „затвори„ Тумбе кафе за наредните два натпревари. Така веќе испечатените билети за мечот со Брегалница одат во архивата, а тимот на Михајлов ќе се обиде и без подршката на своите најверни навивачи да ја забележи првата победа. Елмазовски се враќа во комбинација за настап по исклучувањето на дебито со Шкендија.

Битолчани секаде мора да бидат први


Бруно Пресилски во 5. минута го доведе Пелистер во водство во мечот со Рудар (5-0), на 23 август 1992 година, со што стана првиот стрелец на гол во историјата на македонската прва лига. „Тоа беше шут од дваесетина метри, не толку силен и значаен за мене, колку што беше историски„ се сеќава Бруно Пресилски на својот прв гол во Првата македонска фудбалска лига, кој воедно беше и првенец во независна Македонија, постигнат пред 20 години, на 23 август 1992 година.
„Навистина не бев свесен дека толку поминало. Тоа беше одлична екипа на Пелистер, а во тој меч од 1. коло славевме против Рудар од Пробиштип со 5-0. Јас го постигнав голот уште во 5. минута. Веднаш по мечот некои новинари ми кажаа дека јас сум првиот стрелец на првенствен гол во независна Македонија„ вели Пресилски.
Тој признава дека во својата богата кариера, во која освои три шампионски титули со Слога Југомагнат, еден пехар од Купот на Македонија со истиот тим и уште еден со Башкими, постигнувал и поважни и поубави голови.
„Многу поубав и позначаен за мене беше едниот од двата гола во финалето со Башкими против Маџари во 2005 година. Тоа беше прекрасен удар од далечина со кој го освоивме пехарот„ искрен е Пресилски. Од таа 1992 година до денес многу работи се сменија и во македонскиот фудбал, но и во животот и во кариерата на Пресилски. Но по 20 години играчот за врска повторно е во старото јато, сега како генерален секретар во битолската гордост.
„Многу работи се сменија во фудбалот од тоа време. Тогаш излегувавме од СФРЈ, имаше многу повеќе квалитет, но и многу повеќе ентузијазам кај играчите и кај навивачите. За жал, со текот на времето и со сите оние негативности што се случија во фудбалот кај нас се одврати публиката од доаѓање на трибините. Ништо не е направено ниту во инфраструктурата, па не е ни чудо што немаме резултати во Европа. Нема каде да тренираат ни младинските школи, кои се основата за квалитетен фудбал, едноставно нема вложување за да бидеме барем блиску до некое европско ниво. Тогаш имаше и многу повеќе клубови со постабилни финансии отсега„ вели Пресилски.
Неговиот Пелистер по една сезона помината во Втората лига се враќа во елитата, но тој е реален околу очекувањата и можните дострели на тимот од под Тумбе-кафе. „Немаме голем буџет, општината ни е главен финансиер, но ќе извлечеме максимум од она што го имаме. Сакаме сезонава клубот да се стабилизира, па ако се укаже шанса да направиме и нешто повеќе. Сметам дека имаме солиден тим, кој нема да стравува за опстанокот. Ќе играме со 23 битолчани од 25-те играчи во првиот состав, што е некоја предност„ вели Пресилски.

Исклучување, пенал и пораз за Пелистер

Металург - Пелистер 1:0 (1:0)

Во првото гостување во новата 21 сезона, битолскиот прволигаш минимално загуби на теренот на вицешампионот со минималец. Деталите и играта со човек помалку цели 70 минути беа главни фактори за поразот.   Пелистер направи нколку суштински замени од тимот кој ремизираше со Шкендија. Една од најважните беше внесувањето на Христијан Драгарски во последниот ред на одбраната.

Борбено реми во извореден амбиент во Битола

Пелистер - Шкендија 1:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 4.000
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Јованчо Пилешков (Штип)
Стрелци: Димитровски во 86 минута за Пелистер, а Ејупи во 80 минута за Шкендија
Жолти картони: Главевски, Китановски (Пелистер), Цуцули, Бериша, Аљии, Незири, Хасан (Шкендија)
Црвени картони: Елмазовски (Пелистер) и Демири (Шкендија) во 83 минута

Елмазовски за комплетирање на новиот Пелистер

Иако пред две недели со доаѓањето на Благојче Главевски, Пелистер го затвори преодниот рок, секоја понудена шанса на „фудбалската берза„ треба да се искористи. Така во текот на вчерашниот ден клубот го официјализира враќањето на Илир Елмазовски од тетовска Шкендија.

РК Пелистер со младинци ќе го брка опстанокот

Раководството на РК Пелистер  преку соопштение ја информираше јавноста дека битолскиот клуб подготовките за новата сезона ќе ги стартува на 3 јуни, а тренерот на „пелистерци“ во 2012/2013 ќе биде поранешниот македонски репрезентативец Кире Поповски.

Во Пелистер задоволни и покрај поразот

Пелистер во неделата  во Охрид го претрпе првиот пораз во предсезоната, но од него никој не е загрижен. Напротив, управата и стручниот штаб се задоволни од развојот на подготвителниот период. Како со Брегалница, така и со Тетекс, зелените креираа многу шанси за гол, што може само да радува.

„Зелените„ со пехар се враќаат во Прва лига


Пелистер - Дрита 3:2 (1:2)

Фудбалерите на Пелистер со 3-2 ја совладаа Дрита и го освоија првото место во првенството на Втората лига и како шампиони се враќаат во прволигашка конкуренција. Овие две екипи кои денеска ги одмерија силите под „Тумбе кафе“, се директни патници во Првата лига за идната сезона, додека Еуромилк и Скопје ќе играат во бараж за прволигашко друштво против Хоризонт Турново и Тетекс.
        Еуромилк со 1-3 ја совлада Македонија ЃП на гостински терен, а Скопје беше поуспешен од Кораб (2-1), со што двата тима обезбедија шанса со дополнителен меч да стигнат до елитата. Локомотива го спречи Миравци да стигне до таква можност, победувајќи го со 2-1. Од лигата испаднаа пет екипи, Кораб, Влазерими, Осогово, Охрид Лоте и Беласица.  

Охрид Лоте не допатува во Битола


Една од најслабопласираните екипи во нашата Втора лига не допатува и тоа во два наврати под Тумбе кафе
Пелистер - Охрид Лоте 3:0 службен резултат

Тимот на Охрид Лоте ниту во неделата не допатува во Битола на меч со Пелистер,откако  тоа не го стори ниту во саботата попладне, па битолчани ќе добијат службени бодови.