Powered By Blogger

1. 3. 2014.

Новески и Мајнц ја продлабочија кризата на Леверкузен

35 ГОДИШНИОТ „СТОЛБ„ НА ОДБРАНАТА НА МАЈНЦ, РЕДИ ПОБЕДИ И СОБИРА АПЛАУЗИ ВО ГЕРМАНСКАТА БУНДЕСЛИГА


Фантастичниот Новески и неговиот Мајнц почнаа да победуваат и тимови кои играат во Лигата на шампионите. Николче Новески одигра уште еден фантастичен меч во дресот на Мајнц, предводејќи го својот тим до голем триумф на гостувањето против Баер Леверкузен.
Мајнц влезе како аутсајдер во дуелот со „фармацевтите“, но одигра квалитетно во одбраната и успеа да одолее на налетите на избраниците на Сами Хипија. Така, погодокот на Чупо Мотинг во 37. минута се покажа доволен за голем триумф на Мајнц на жешкиот терен во Леверкузен. По 23 коло од Бундеслигата, екипата на Мајнц 05 се наоѓа на високото шесто место со 37 бода. Наредната недела од 17:30 часот во Мајнц гсостува берлинска Херта. 

Нема коментара:

Постави коментар