Powered By Blogger

5. 4. 2013.

Враќање на Главевски и Димитровски

ПЕЛИСТЕР СЕ КОМПЛТИРА ЗА ПРВОТО ДОМАШНО ФИНАЛЕ ОД ТРЕТИОТ ДЕЛ НА ПРВЕНСТВОТО
Во двете гостувања во четири дена во Турново и на Автокоманда, фудбалерите на Пелистер пропуштија можност да побегнат од дното на првенствената табела. Како никогаш оваа сезона имаа поволни резултати се до моментите околу 80 минута кога примија голови и на „Кукуш„ и на дуелот во скопските зелени од Железарница.
Заборавени се двата гостински меча и следува првото од петте домашни финалиња, а ривал е Хоризонт Турново овој пат комплетен со Дејан Блажевски и Ѓорѓи Мојсов кои не играа пред седум дена во 22 коло. Тренерот на пелистерци Гордан Здравков нема да може да смета на Сашо Лазаревски кој беше стрелец против турновци во двата претходни натпревари. Тој по исклучувањето заради приговор треба да се врати за „вечното дерби„ наредниот викенд. Заради повреда надвор од стројот е и Александар Вељановски, а за разлика од претходниот меч и вонредното коло во Скопје во комбинација се враќаат Ристевски и Димитровски.
                „Доколку сакаме да побегнеме од дното не смееме да губиме бодови под Тумбе кафе. Знаеме за тешкотиите во средбите со Хоризонт Турново во последните неколку сезони, но овој пат бодовите ни се од витално значење. Имав неколку ситни повреди и не ризикував на претходните гостувања, но за овој меч му се ставам на располагање на стручниот штаб и доколку добијам шанса какои секогаш ќе бидам мотивиран„ рече Драган Димитровски кој го брка Ванчо Мицевски на второто место на вечната листа на стрелци во домашното првенство. Стручниот штаб на Пелистер има сеуште дилеми околу стартниот тим, но се очекува Благојче Главевски да започне од првата минута, а во средниот ред Ристевски да ја организира играта како и на претходниот дуел со Хоризонт Турново. Битолските навивачи иако во мислите го имаат „вечното дерби„ со Вардар веруваат дека со победа ќе ја подобрат климата и затоа ќе го бодрат својот миленик и на оваа средба.

Нема коментара:

Постави коментар