Powered By Blogger

1. 3. 2014.

Реми на „Карабурма„ за Цапар

БИТОЛСКИОТ ТРЕНЕР НА КЛУПАТА НА СПАРТАК, СО БОД ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО ГЛАВНИОТ СРПСКИ ГРАД
Во крајно израмнет и неизвесен натпревар од второто пролетно коло во српската „Јелен Супер лига„ на стадионот „Карабурма„ во Белград, екипата на македонскиот стручњак Драган Канатларовски, Спартак од Суботица одигра 1:1 против домашниот ОФК Београд.
Домаќините поведоа со голот на Чарвиќ во 69 минута, додека екипата на популарниот Цапар израмни во 80 минута преку Новаковиќ. По ова 17 коло, Спартак е осми на табелата со 22 бода. На 8 март во наредното коло во Суботица гостува квалитетна екипа на Војводина.   

Нема коментара:

Постави коментар