Powered By Blogger

29. 4. 2013.

Надигрување со Работнички за нов брејк на битолчани?

ГОСТУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ МОЖЕ ДА ГИ ВРАТИ ЗАГУБЕНИТЕ БОДОВИ НА ПЕЛИСТЕР НА СВОЈ ТЕРЕН
Пелистер по петти пат оваа сезона, втор пат оваа година гостува на националната арена „Филип втори„ во Скопје. Победата против Вардар пред две недели израдува многумина, но поремети многу планови околу амбициите, вистинските вредности и очекувањата на зелените. Затоа мини-еуфоријата пред мечот со Брегалница заврши со празно реми со директниот конкурент и Пелистер пак чувствува дека мора да игра под притисок. Против Работнички в недела избраниците на Гордан Здравков ќе мора да менуваат во две линии. Тони Вељановски ќе се врати во одбраната на местото на казнетиот Христијан Драгарски, а неговото место во средниот ред ќе го заземе Стефан Магловски или Тони Мегленски.
                „Ни лежи кога се надигруваме со противникот на националната арена во Скопје. И сега имам позитивно предчувство. Играме доста организирано, дури и некогаш покомотно се чувствуваме во гости. Работнички игра прекрасно цела пролет и е една од екипите која негува најдопадлив фудбал. Тоа ни отвора многу перспективи да се надигруваме и во таква игра очекувам да останеме непоразени„ ни рече Стефан Магловски.
                Во офанзивната линија Пелистер сеуште ја бара идеалната комбинација. Суспендиран е Марковски, ќе се врати Главевски кој не играше со Брегалница превентивно, заради ударот во коленото кој го доби од Вајс во финишот на средбата со Вардар. Сигурен е само Симеон Христов, а кој ќе му прави друштво нема да се знае до пред почетокот на мечот в недела попладне.

Нема коментара:

Постави коментар