ПРВ ГОЛЕМ
ПРЕДИЗВИК ЗА МИЛЕ ДИМОВ ВО КУП МЕЧОТ СО ВАРДАР ДЕНЕС ВО БИТОЛА
Пелистер сврте
нова страница и по оставката на Горазд Михајлов, денес првиот тренинг го одржа
Миле Димов, кој ќе ја води екипата од Битола во преостанатите првенствени и куп
натпревари.
И ако минатата година кога го наследи Марјан Секуловски по мечот во Ѓорче Петров, недостигаше само математиката за промоција во Првата лига, сега го очекува многу потешка задача. Битолскиот тим влезе во црна серија во октомври, а почетокот на ноември дури и значеше пад во зоната која води во Втората лига. Токму против екипата со која стана државен првак во својата играчка кариера - Вардар, Димов пак ќе седне на клупата на пелистерци. Битолчани го прифатија проектот, кој го водеше Михајлов и ако имаше малку повеќе среќа сега пред „вечното дерби„ многу работи ќе беа поинакви. Младиот тренер беше омилен во „конзулскиот„ град, внесе новини со својот стил, професионалност и посветеност, но резултатите изостанаа во последните 4-5 кола. Затоа Димов не најавува големи промени од системот на игра и фудбалерите кои треба да истрчаат против Вардар. Колку и Купот да е секундарна цел по првенството, самото гостување на лутиот ривал и тоа 45 дена по полемичното дерби во шампионатот, дополнително мотивира. Последен пат Пелистер го елиминира Вардар во Купот во сезоната 2001/02, кога подоцна го освои својот единствен трофеј.

„Најнапред сакам
да му се заблагодарам на Горазд. Беше многу професионален, во секој момент
посветен на нашиот проект и жал ми е што не продолжуваме заедно. Но оваа работа
е таква. Сите зависиме од постигнатите резултати. Што се однесува до мечот со
Вардар, не треба момците посебно да ги мотивирам. Ова се мечеви, кои сите
сакаат да ги играат. Ќе бидеме максимално спремни, ќе гинеме за секоја топка и
со помош на нашите навивачи, очекувам победа„ заврши Димов.
Драгарски ја одслужува казната
од пет меча заради црвениот картон против Хоризонт Здравје, а Ристевски треба
да биде стартер по одиграни први половина час по повредата по првенствениот меч
со Вардар. Првите минути по повредата ќе ги одигра и охриѓанецот Лескароски. Во
нападот нема да има промени во тандемот Димитровски - Главевски, иако своја
минутажа чекаат Благојче и Никола Марковски.
Нема коментара:
Постави коментар