Powered By Blogger

2. 3. 2014.

Се лади шампањското за Шундовски и Ангеловски

МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО РОМАНИЈА МНОГУ БЛИСКУ ДО ОСВОЈУВАЊЕ НА ТРОЈНАТА КРУНА 
Македонската колонија во романскиот ракометен првак Констанца само прашање на време е кога и математички ќе ја потврди титулата првак на Романија. Бившиот селектор на Македонија, битолчанецот Звонко Шундовски на прагот е овој пат да оствари подвиг со титула без ниту еден пораз.
Во мечот од 19 коло екипата на Шундовски и Ангеловски во главниот град го совлада Динамо Букурешт со 22:31 (11:14) и само математиката го дели тимот на Констанца од нова титула. Констанца е водечка со 53 бода (17 победи и 2 нерешени средби) и веќе в четврток на домашен терен може да ја слави титулата. Ако ја совладаат екипата на Стеауа на 6 март, ракометарите на Шундовски ќе можат да го отворат шампањското. Претходно оваа сезона го освоија и на националниот Куп и Суперкупот на Романија. Од наредната недела ќе можат да се насочат кон завршницата на групната фаза на ЕХФ Купот каде исто така играат одлично. 

Нема коментара:

Постави коментар