Powered By Blogger

2. 3. 2014.

Мултитекс стартуваше со пролетна победа

ПО ТЕСНАТА ПОБЕДА НА СТАРТОТ ОД ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ, БИТОЛА МНОГУ БЛИСКУ ДО ПИНГ-ПОНГАРСКИ ПРВОЛИГАШ
ППК Мултитекс ТБТ - ППК Рисови 5:4

Во неизвесен и на моменти многу драматичен натпревар тимот на ППК Мултитекс ТБТ извојува победа од 5:4 над тимот на ППК Рисови од Скопје во првото пролетно коло од пинг-понгарската втора лига.
Со оваа победа тимот на Мултитекс е чекор поблиску до освојување на второто место во лигата, место кое води во бараж натпревар за пласман во првата пинг-понгарска лига.  Викендот што следува ги очекува уште еден многу важен натпревар со ППК Рома Шутка од Скопје. Со победа во овој натпревар битолскиот тим ќе  биде само на еден чекор до обезбедувањето на второто место во табелата.

Нема коментара:

Постави коментар