Powered By Blogger

1. 3. 2014.

Китановски дебитираше со гол и пораз за Крајова

КИТАНОВСКИ ОДЛИЧЕН, НО НЕГОВИОТ НОВ КЛУБ ПОРАЗЕН НА СВОЈ ТЕРЕН
Бившиот фудбалер на Пелистер и потенцијален младински репрезентативец Томе Китановски дебитираше со солиден меч и гол во сино-белиот дрес на романскиот второлигаш Универзитатеа од Крајова. Но лидерот го загуби водечкото место во Втората лига по домашниот пораз од Муреш со 1:2.
Пред 6000 гледачи Универзитатеа одигра добро прво полувреме и поведе со 1:0 со голот на Китановски во 26 минута. Но во вториот дел Муреш направи пресврт и со головите на Томозеи во 64 и Хора во 66 минута, стигна до важна победа. Со овај пораз по 15 коло, Универзитатеа од Крајова го загуби првото место од Влчеа, но двете екипи имаат ист број на бодови, по 28. Во наредното коло на 8 март, тимот на Китановски му гостува на осмо пласираната Олимпија Сута Маре. 

Нема коментара:

Постави коментар