Powered By Blogger

1. 3. 2014.

Ристевски одигра цел меч, Славија „потопена„ од ЦСКА

ПРВ ПОРАЗ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ВО ДРЕСОТ НА СЛАВИЈА ОД СОФИЈА
По ремито на гостувањето кај Левски, тимот на Славија од Софија на нашиот новопечен репрезентативец Кирче Ристевски немаше сили за изненадување на гостувањето кај трофејната ЦСКА Софија.
Клубот на армијата од главниот бугарски град славеше со 3:0 во дербито од 24 коло на бугарската прва лига. Во мечот во кој битолчанецот 90 минути настапи како централен дефанзивец, Славија од 73 минута играше со човек помалку по исклучувањето на Панов. Но ЦСКА поведе со голот на Милисављевиќ во 63 минута, а со човек повеќе победата ја потврдија Косоко и Силва. По ова 25 коло, Славија останува на 10 место со 28 бода. Во наредното коло конечно „црно-белите„ ќе играат на домашен терен со Локомотив Пловдив на Жикица Тасевски во недела на 9 март од 14 часот.  

Нема коментара:

Постави коментар