Powered By Blogger

1. 3. 2014.

Алтипармаковски стартер, стрелец и јунак на Паналијакос

ПРВ ГОЛ ВО НОВИОТ ДРЕС НА БИВШИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР, КСАНТИ И МЛАДИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Во првиот меч кој го почна од првата минута во дресот на Паналијакос, бившиот фудбалер на Пелистер, Марјан Алтипармаковски веднаш се истакна. Младиот битолчанец постигна прекрасен гол во 12 минута, кој подоцна се покажа како победоносен во триумфот на Паналијакос над Ираклис Пачна со 1:0.
Во тврд натпревар брзото водство значеше многу за новиот клуб на Алтипармаковски, кој дојде до третата пролетна победа. Со овие три бода екипата на Паналијакос дојде до шестото место со 32 бода. Во наредното 23 коло „црвените„ на Алтипармаковски гостуваат кај Панељијакос на 24 март.

Нема коментара:

Постави коментар