Powered By Blogger

1. 3. 2014.

Битолчани сакаат да се надигруваат и бараат реванш за Купот

ТРИ МЕСЕЦИ БЕЗ ОФИЦИЈАЛНИ МЕЧЕВИ ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ МОТИВИРАА ПЕЛИСТЕРЦИ ПРЕД ПРОЛЕТНИОТ СТАРТ
Како и сите во земјата, фудбалерите на Пелистер горат од желба за фудбал и докажување, а календарот на натпревари оваа пролет веднаш им „фрла„ силни предизвици. Така двете гостувања на националната арена „Филип втори„ ќе бидат силен показател за можностите и амбициите на битолскиот прволигаш.
Против Работнички, битолчани имаат и силни мотиви заради Куп елиминацијата и одлично го познаваат тимот со кого играа три пати оваа сезона. Проблемите со Драгарски веројатно до последен момент ќе го стават во дилема стручниот штаб на чело со Драган Бочевски. Искусниот Илир Елмазовски знае дека зелените ги очекува тежок испит против екипа која многу ја респектира: „Последниот меч минатата година кога Работнички не елиминира во Купот јасно го покажа квалитетот на нашиот противник. Но ние минавме одлични подготовки и имаме голема самодоверба. Во есенскиот дел одлично ги интерпретиравме гостувањата, па почнувајќи од овој меч и сега верувам дека имаме квалитет и енергија за позитивен резултат. Сигурно не одиме таму да се браниме или пак да играме на бод. Мечевите на националната арена секого инспирираат, па и ние едвај чекаме да се надигруваме на најубавиот наш стадион„ истакна 35 годишниот универзалец во тимот на Пелистер, кој одигра одличен прв дел од шампионатот. Што се однесува до стартниот тим, охридскиот стручњак има неколку дилеми во средниот ред и се разбира околу партнерот на Мартин Ковачев во „срцето„ на одбраната. Има дури четири солуции од кои најсигурна е опоравувањето на Драгарски, а резервни можности се Тони Магловски, Владица Брдаровски или Ѓорѓи Мојсов. Оваа сезона во трите претходни меѓусебни мечеви победуваше домаќинот и тоа без примен гол. Битолчани се надеваат дека овој пат ќе ја сменат лошата традиција на гостите во дуелите на Работнички и Пелистер.


Нема коментара:

Постави коментар