Powered By Blogger

1. 4. 2014.

Среќата ја „помилува„ Констанца во ЕХФ Купот


МАКЕДОНИЈА СО РЕАЛНИ ШАНСИ ДА ИМА ПРЕТСТАВНИЦИ НА FINAL FOUR ВО ДВАТА ЕВРОПСКИ КУПА
Констанца на Звонко Шундовски и на Бранко Ангеловски го доби најповолниот противник во четврт-финалето од Купот на ЕХФ. За пласман во фајналфор-турнирот во Берлин треба да го победи Луги.
Во групната фаза шведскиот тим беше прв во конкуренција на Адемар Леон, на Хановер и на Чургои, вториот романски претставник и го освои првото место со три победи, два пораза и едно реми. Тој дури загуби во Романија, а дома тешко го совлада Чургои, така што Констанца треба само да биде на своето ниво и не би требало да има проблеми. Во останатите две двојки судбината ги спои француските ривали, Нант и Монпелје и Спортинг со Пик Сегед. Победниците од овие три двојки ќе му се придружат на Фуксе Берлин, кој, како домаќин, директно обезбеди пласман во завршницата.

Нема коментара:

Постави коментар