Powered By Blogger

1. 2. 2014.

Победа ги казни промашувањата на битолчани

КОГА НАПАЃАЧИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НЕ ПОГОДУВААТ, БЛАГОЈЧЕ МИТРЕСКИ ВО ФИНИШОТ МУ НОСИ ПОБЕДА НА ПРИЛЕПСКИОТ ВТОРОЛИГАШ
Пријателски меч
Победа - Пелистер 1:0 (0:0)

Помошен терен во Прилеп. Гледачи: 100
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Зоран Костоски и Марјан Смилкоски (сите од Прилеп)
Стрелец: Митрески во 79 минута за Победа
Жолт картон: Димитриоски (Победа)

Победа:
Талески, Д. Котески, Мирчески, Момироски, Димитриоски, Мегленски, Петрески, Карчески, Ацески, Јанкоски, Зојчески,
Уште играа: Кебакоски, Богоески, Крстески, Стомнароски, Јанкулоски, Милошоски, Илиовски, Митрески, Чешелкоски

Пелистер:
Пашовски, Динчев, Ковачев, З. Котески, Миленковски, Христов, Мојсов, Анастасов, Мустафов, Елмазовски, Дуков
Уште играа: Атанасовски, Љамчевски, Т. Магловски, Мирчевски, Трајковски, Љубенов, Воденичаров, Петковски, Брдаровски, Ристевски, Кузманов
                Втор пораз во вториот натпревар на фудбалерите на Пелистер во подготвителниот период за вториот дел од фудбалскиот шампионат на Македонија. До душа зелените играа многу подобро од мечот со Јавор, но не ги искористија многубројните шанси, а второлигашот Победа од единствениот удар во рамката на голот, стигна до победа. Во првиот дел топката многу почесто ја имаа пелистерци и креираа три големи шанси. Мустафов и Дуков излегоа сами пред Талески, но младиот прилепски голман се истакна. Тој ги подели аплаузите со Елмазовски, кој изведе слободен удар во 28 минута, но Талески ја исфрли топката во корнер. Во вториот дел двата стручни штаба комплетно ги изменија стартните тимови. Пелистер преку Воденичаров и Љубенов од слободен удар ги имаа најзрелите шанси во 62 и 68 минута. Но на 11 минути до крајот по една акција на Чешелкоски, гостинската одбрана не успеа да расчисти и Благојче Митрески ја втурна топката во мрежата на битолчани. Прволигашот реагираше и преку Воденичаров во 89 минута имаше нова шанса, но среќата ги напушти фудбалерите на Пелистер. Видливо е дека во нападот Пелистер е најтенок и неслучајно на два меча во новата година, напаѓачите не постигнале гол. В понеделник следува контролен меч на гости кај второлигашот Новаци, па в четврток меч во Охрид со Ренова.     

Нема коментара:

Постави коментар