Powered By Blogger

7. 2. 2014.

Битола го чека дебито на Пелистер на Томче Петрески

СО  НЕТРПЕНИЕ СЕ ЧЕКА ДЕБИТО НА ПЕЛИСТЕР ПОД ВОДСТВО НА НОВИОТ ТРЕНЕР ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ
Толку многу озборуваниот Пелистер на Томче Петрески денес ќе го има своето деби во 2014 година пред битолската публика. Имено во потрага по што е можно подобри и поквалитетни спаринг партнери битолскиот прволигаш по враќањето од Србија, првиот контролен натпревар ќе го одигра со Охрид, вечерва од 18 часот.
Постои голем интерес да се види новиот Пелистер, но пак ќе биде некомплетен бидејќи дел од интернационалците се вратија во своите татковини да добијат виза за престој и работна дозвола во нашата земја. Охрид кој го води бившиот ракометар на Пелистер, Андоновски веќе еднаш го совлада тимот од Битола, кога тренер беше Ристо Костадиновски во ноември минатата година. Сепак и покрај солидниот квалитет, охриѓани тешко дека можат да парираат на новиот посилен Пелистер. Ова е првиот од 4-5 теста колку што побара тренерот Петрески до стартот на вториот дел од првенството, во втората недела на март.  

Нема коментара:

Постави коментар