Powered By Blogger

6. 2. 2014.

Акциите на ФК Пелистер на продажба!

ДАЛИ НА ПОВИДОК Е РЕШЕНИЕ НА СИТЕ ПРОБЛЕМИ НА БИТОЛСКИОТ ФУДБАЛСКИ МИЛЕНИК
Дневниот спортски весник „Македонски спорт„ од добро информирани извори, лансира „бомба„ во своето издание овој четврток. Општина на Битола по постапките на град Скопје, објави оглас за купување на комплетот акции на фудбалскиот клуб!
Акциите на ФК Пелистер ќе се продаваат за 18.000 евра, а 300.000 евра на 10-годишен период е минималната сума која сопственик ќе треба да ја вложи во клубот. Битолчани тргнуваат по постапките на Вардар. Конечно, добра вест за битолските ,,зелени", но и за ,,Чкембарите". Се бара начин како ФК Пелистер да биде купен од можен спонзор со што клубот еднаш засекогаш би застанал на здрави нозе.

Нема коментара:

Постави коментар