Powered By Blogger

24. 2. 2014.

Во вторник и среда два ракометни теста во Битола

ПОСЛЕДНА НЕДЕЛА НА ПОДГОТОВКИ ЗА ОФИЦИЈАЛНИТЕ МЕЧЕВИ НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
По неодигрувањето на мечот со Пролет минатиот петок, оваа недела дури три пријателски меча за ракометарите на Пелистер. Веќе договорените два меча со Радовиш ќе се одиграат по обратен редослед, најнапред во Битола, па потоа во Радовиш, а во меѓувреме вметнат во програмата е и вториот контролен натпревар со Пролет во спортската сала Младост.
Па така љубителите на ракометот во Битола за два дена ќе можат да видат два тест на новиот Пелистер. Најнапред во вторник против Радовиш, па во среда со Пролет. Двата натпревари почнуваат во 18 часот. Тренерот Томче Петрески ќе ги ротира сите ракометари со оглед на тоа што во два дена треба да одиграат 120 минути. В петок во 18:30 часот гостуваат во Радовиш во последниот деветти контролен меч во новата година. 

Нема коментара:

Постави коментар