Powered By Blogger

27. 2. 2014.

Сампдорија се распрашува за битолски голман?

ДАЛИ ПОЗНАТАТА БИТОЛСКА ШКОЛА ИСФРЛА УШТЕ ЕДЕН ОГРОМЕН ТАЛЕНТ, ОВОЈ ПАТ НА ГОЛМАНСКАТА ПОЗИЦИЈА?
Малкумина знаат дека Битола денес го има најталентираниот македонски голман, кој така брзо напредува што нема да биде изненадување во наредниот период да го видиме и во некој интернационален клуб. Се работи за Филип Трајчевски, кој има неполни 16 години и од неодамна е член на скопски Вардар.
Имено по скоро три години работа во фудбалската школа „Талент„ на Златко Цветановски, младиот Трајчевски се пресели во Вардар, а дел е и од академијата при ФФМ. Трајчевски денес е на мета на многу италијански клубови, бидејќи блескаше на меѓународниот пријателски натпревар кој Македонија го доби во Италија, во меч на селекции под 18 години. „Скоро целото мое време го минувам во академијата и во репрезентацијата. Многу му сум благодарен на тренерот Цветановски со кого сум од 2011 години и многу ми помогна да напредувам. Исто така и тренерот на голмани на ФК Пелистер, Сашо Петревски со кого работам повеќе од четири години. Во 2012 година бев дел од зимските подготовки на Пелистер со тренерот Петревски и тоа за мене беше големо искуство. Бев капитен на екипата на Талент, која имаше извонреден квалитет и одлична атмосфера, затоа и имавме резултати. Многу луѓе во Италија ги видоа моите добри одбрани, се распрашуваа, но сеуште нема ништо конкретно. Мое е да работам и да напредувам, а со текот на времето се надевам дека ќе се развивам уште повеќе„ ни рече Трајчевски. Неофицијалните информации говорат дека неколку италијански клубови, меѓу кои најпознато име е Сампдорија, стапиле во контакт со Трајчевски и неговото опкружување и имаат сериозно планови за него во иднина. Во победата на македонската репрезентација во Италија, голем придонес даде уште еден 16 годишен битолчанец, одличниот Христијан Чукалевски. Тренерот Цветановски е добро познат по својата работа со младите категории. Додека работеше во Пелистер има директни заслуги за развојот на плеада одлични фудбалери како Спировски, Брдаровски, Ристевски, Александар Вељановски и уште многу други. Забележителни резултати има и со неговата школа Талент, која со успех работи веќе неколку години.  

Нема коментара:

Постави коментар