Powered By Blogger

18. 2. 2014.

Нова повреда на Благојче Главевски

НЕМА КРАЈ НА ГЛАВОБОЛКИТЕ НА РОБУСНИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР
За жал наместо комплетно опоравување, напаѓачот на Пелистер Благојче Главевски се соочува со нов физички проблем, кој ќе го сопре и успори неговиот процес на рекуперација. Имено битолчанецот почувствува болка во листот од десната нога и превентивно ги прекина подготовките на Пелистер во Охрид и се врати во Битола
„Разговарам со лекарската служба и мислам дека не се работи за сериозна повреда. Нема никаква врска со оперираното колено, единствено почувствував болка во листот и превентивно ќе мора да мирувам. Многу повеќе ќе знам по консултација со лекарите и по направената снимка на мускулот„ вели Главевски. Тој минатата сезона беше прв клубски стрелец во опстанокот на Пелистер во Првата лига, а сезонава сеуште не одиграл ниту минута. Се повреди на еден од последните тренинзи пред летните подготовки во Банско и по операцијата скоро шест недели тренираше без никаков проблем. Дури и одигра одредени минути на контролните средби со Новаци, Ренова и Борац Чачак. Пелистер кубури со офанзивни проблеми по заминувањата на Стенио Жуниор и Алтипармаковски. Покрај Главевски, стручниот штаб на битолчани ги има уште Воденичаров, Милевски и Марковски во улогата на централен напаѓач.    

Нема коментара:

Постави коментар