Powered By Blogger

17. 2. 2014.

Кугларите на ГТЦ се извлекоа во Битола

СИЛЕН ОТПОР НО СЕПАК ПОРАЗ ЗА КУГЛАРИТЕ НА ХЕРАКЛЕА ВО ПРВОТО ПРОЛЕТНО КОЛО
Продолжи кугларскиот шампионат на Македонија, а битолскиот клуб Хераклеа го претрпе шестиот пораз во седмиот натпревар. Иако долго време беше со опции за освојување на бодови, тимот на Хераклеа загуби од ГТЦ од Скопје со 3-5. Во останатите мечеви од редовното коло постигнати се следните резултати:

Македонија - 18 Август Адинг 0,5 – 7,5
Империјал - Тобако Работнички 5-3
Макпетрол слободен


На табелата со максимални шест победи од исто толку меча води првакот Макпетрол од Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар