Powered By Blogger

26. 2. 2014.

Алтипармаковски го „раздвижи„ Паналијакос

ПРВИ ВПЕЧАТОЦИ НА БИВШИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР ПО ВРАЌАЊЕТО ВО ГРЦИЈА
Грчкиот второлигаш Паналијакос од пред два месеци е новиот фудбалски дом на Марјан Алтипармаковски. По шест месеци минати во Пелистер, напаѓачот пак се врати во Грција, каде две и пол сезони беше член на прволигашот Ксанти. Алтипармаковски влета како џокер во првите неколку пролетни кола.
На последниот меч на домашен терен, Паналијакос го совлада ланскиот прволигаш Олимпјакос Волос со 1:0 со голот на Вангељ во 65 минута. Победата пристигна откако Алтипармаковски влезе во игра на местото на Константинидис во 57 минута и го раздвижи тимот, пред се офанзивната линија. Со оваа победа Паналијакос е десетти на табелата во втората грчка лига со 29 бода и бега од опасната зона. Алтипармаковски кој добро го знае грчкиот јазик, веднаш се вклопи во новиот клуб и на првите пет средби влегува од клупата и има добри критики за неговите настапи. 22 годишниот напаѓач има околу 100 минути на средбите со Астерас Магула (2:0), Калитеа (1:0), Чаниа (1:1), Панахаики (1:2) и Олимпијакос Волос (1:0). Во наредното коло на 1 март, Паналијакос повторно е домаќин, овој пат против Ираклис Пашна.

Нема коментара:

Постави коментар