Powered By Blogger

21. 2. 2014.

Напредок, последен тест на квалитетите на пелистерци

ДЕНЕС КОНТРОЛЕН МЕЧ СО КИЧЕВЧАНИ И ВРАЌАЊЕ ВО БИТОЛА ЗА МОМЦИТЕ НА ДРАГАН БОЧЕВСКИ
Утре со натпреварот со Напредок фудбалерите на Пелистер ја комплетираат централната фаза на подготовки и попладне по средбата се враќаат во Битола. Избраниците на Драган Бочевски реализираа одлични подготовки и ако не беше полесната повреда на Благојче Главевски, се ќе беше според планот.
Христијан Драгарски се опорави и во четвртокот против Вулкан  одигра 90 минути, па нема дилеми дека ќе биде подготвен за 90 минути на мечот со Работнички точно за една недела. Битолчани со нивниот веќе вообичаен систем за игра имаат само една-две дилеми за тимот кој треба да го брани водечкото место на крајот на фудбалската есен. Воденичаров, Милевски и Марковски со подеднакви шанси влегуваат во борба за позицијата на најистурен напаѓач. Младите Мустафов, Мирчевски и Трајковски се наметнуваат, а и враќањето на капитенот Димче Ристевски и тоа како ќе биде од корист за тренерот Бочевски. По заминувањето на Томе Китановски на левата бековска позиција предност има Филип Миленковски, кој во есенскиот дел играше во средниот ред, а и повратникот Миле Петковски не е без шанси. Со сите овие комбинации стручниот штаб од понеделник ќе го подготвува реваншот за Куп елиминацијата од Работнички. Претходно в недела фудбалерите ќе добијат заслужен слободен ден по 12 дневните подготовки во Охрид.   

Нема коментара:

Постави коментар