Powered By Blogger

24. 2. 2014.

Илче Петровски нов голман на Дрита

БИВШИОТ ГОЛМАН НА ПЕЛИСТЕР ПО ВРАЌАЊЕТО ОД АЛБАНИЈА ПРОНАЈДЕ АНГАЖМАН ВО ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ЛИГА
23 годишниот чувар на мрежата кој потекнува од школата на Пелистер до крајот на сезоната ќе го чува голот на второлигашот Дрита од Боговиње. Имено Петровски по само неколку месеци се врати од Албанија и пронајде моментално решение во минатогодишниот прволигаш.
Инаку талентираниот голман во минатото настапуваше за Пелистер, Брегалница и неколку албански прволигаши. Важи за одличен чувар на мрежата и многу веројатно од наредната сезона пак ќе брани во прволигашки клуб во нашата земја или во странство.

Нема коментара:

Постави коментар