Powered By Blogger

13. 2. 2014.

ФОТО: Дуел на Пелистер и Шкупи по пет години

СТАРИТЕ РИВАЛИ, СЕГА ГОЛЕМИ СПОРТСКИ ПРИЈАТЕЛИ НА ЗЕЛЕНИОТ ТЕРЕН И НАДВОР ОД НЕГО
Минаа скоро пет години од последниот меѓусебен дуел на Пелистер и Шкупи (бивша Слога Југомагнат) Овие две екипи со голема традиција и одлични односи меѓу себе одиграа борбено и по тешките услови и констатираа дека овој тест добро ќе им дојде.
Соработката помеѓу клубовите е одлична и заради присуството на Сашо Здравевски и Бруно Пресилски, кои настапуваа за „чаирските гулаби„ и во најдобрите и најтрофејни денови на оваа екипа.
Сега Шкупи полека се враќа на старите стази, иако патот до местото на кое беше кога екипата ја водеше Ѓоре Јовановски е трнлив и многу тежок. Дел од тој пат го мина и Пелистер кој два пати испаѓаше во понизок ранг и се враќаше. Сигурно денешниот меч во Охрид, нема да биде последен помеѓу овие две екипи.

Нема коментара:

Постави коментар