Powered By Blogger

20. 2. 2014.

Одложено гостувањето на Пролет во Битола

ПРОБЛЕМИТЕ СО НЕДОСТАТОКОТ НА СИЛНИ ПРОТИВНИЦИ, ГЛАВНА ГРИЖА КАЈ ПЕЛИСТЕРЦИ
Иако се очекуваше денес ракометарите на Пролет да допатуваат во Битола и да одиграат возвратен контролен натпревар со екипата на Пелистер, мечот нема да се одигра. Имено скопјани не успеаа да се организираат и побараа во Битола да гостуваат наредната недела.
Тимот на Томче Петрески така остана без планираниот контролен меч за крајот на оваа недела и управата на клубот се обидува да пронајде спаринг партнер, што воопшто не е лесно. Постојат некои шанси за пријателски меч со екипа од Грција, но мала е веројатноста. Според програмата на Петрески пелистерци ќе играат уште три теста до почетокот на официјалните пролетни мечеви. 

Нема коментара:

Постави коментар