23.02.2014.

Спировски играше 75 минути, Берое поразен во Ловеч

ЛИТЕКС ПРЕСИЛЕН НА ДЕБИТО НА СПИРОВСКИ ЗА БЕРОЕ
Во својот дебитантски натпревар во новиот клуб, битолчанецот Стефан Спировски одигра 75 минути, но неговиот Берое загуби во Ловеч од Литекс со убедливи 3:0. На 15 минути до крајот тренерот на зелените од Стара Загора, Петр Хунчев го замени Спировски со Георги Костадинов.
Претходно клубот кој е збратимен со битолски Пелистер ги постигна сите три гола уште во првиот дел. Асприља во 22 и 45 и Славчев во 29 минута беа стрелци за портокаловите. Мечот беше типичен првенствен, а по одличниот прв дел, Литекс рутински го приведе дуелот при крај. Берое по поразот останува на 8 место со 24 бода. Во наредното 25 коло в сабота на 1 март, Берое на домашен терен игра со Љубимец.   

Нема коментара:

Постави коментар