Powered By Blogger

10. 2. 2014.

Дејан Велевски на одстапка во 11 Октомври

ВО ПОТРАГА ПО МИНУТИ И ИСКУСТВО, ДЕЈАН ВЕЛЕВСКИ ДО КРАЈОТ НА ПРВЕНСТВОТО ЌЕ НАСТАПУВА ЗА 12 ОКТОМВРИ
Младиот 20 годишен фудбалер за врска, Дејан Велевски до крајот на сезоната ќе настапува како одстапен фудбалер во второлигашот од Прилеп 11 Октомври. Тоа е одлуката која стручниот штаб и управниот одбор на Пелистер ја донесоа деновиве, откако утврдија дека и оваа пролет младиот фудбалер ќе биде „затворен„ и во потрага по минути за настап во Прилеп ќе биде стандарден.
Во средниот ред на Пелистер, Велевски нема многу опции, откако Бочевски предност им дава на Христов, Анастасов и Мојсов како стартери, а и Љубенов и Димче Ристевски конкурираат на местата во средниот ред. Минатата пролет, Дејан Велевски како одстапен фудбалер, мина шест месеци во Победа, каде настапуваше стандардно и многу напредуваше. Целта е од наредниот шампионат да се врати во матичниот клуб и да бара место во првиот тим на битолскиот прволигаш.  

Нема коментара:

Постави коментар