Powered By Blogger

15. 2. 2014.

ФОТО: Роденденско славје меѓу пелистерци

СПОНТАН ГЕСТ ОД СОИГРАЧИТЕ ЗА КАПИТЕНОТ, ПО ПОВОД НЕГОВИОТ 34 РОДЕНДЕН
Дека атмосферата во таборот на битолчани е одлична, со тенденција да биде уште подобра покажува последниот спонтан настан по денешната вечера. Имено денешниот ден ќе го памети искусниот голман и капитен на пелистерци Горан Пашовски, кој го прослави 34 роденден, а клубските другари не го заборавија.
По вечерата на пелистерци во хотелот „Белведере„ соиграчите и стручниот штаб му подготвија изненадување и роденденска торта на капитенот. Така сплотени зелените утре играат контролен меч против Борац од Чачак, кој веќе се наоѓа на подготовки како и битолчани од стартот на оваа недела. Во првиот тест Пелистер одигра 0:0 против Шкупи, а Борац Чачак го совлада третолигашот Младост Царев двор со 3:1.


Нема коментара:

Постави коментар