Powered By Blogger

11. 2. 2014.

Пачовски две недели отсутен по повредата

И ПОКРАЈ МАЛЕРОТ И ПОВРЕДАТА НА ТРЕНИНГ, ТОМЧЕ ПАЧОВСКИ НАСКОРО ПАК ЌЕ БИДЕ ОНОЈ СТАРИОТ
На последниот тренинг пред мечот на неговиот Мехелен против Лувен кој заврши без голови, голманот на македонската фудбалска репрезентација Томе Пачовски го повреди зглобот. Битолчанецот направи се што беше во негова моќ, да настапи на мечот со екипата на Јован Костовски (кој цел меч остана на клупата), но сепак болката беше посилна.
Без Пачовски и Костовски, единствен македонец на оваа средба која заврши без голови, беше Александар Трајковски, кој ги одигра сите 90 минути. Пачовски вчера беше на дополнителни прегледи и констатирано е дека не се работи за сериозна повреда, но нема да настапи две недели и ќе го пропушти наредниот меч на Мехелен на Френк Веркаутерен против Остенде. Без никакви проблеми 32 годишниот голман ќе биде подготвен за мечот со Летонија на 5 март во Скопје, на дебито на новиот селектор Бошко Ѓуровски. 

Нема коментара:

Постави коментар