Powered By Blogger

25. 2. 2014.

Пуштена во употреба новата стрелана во Битола

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ СПОРТСКИ ОБЈЕКТ НАМЕНЕТ ЗА СТРЕЛАШТВО ВО НАШИОТ ГРАД
Со денешното пуштање во употреба на стреланата исполнето е ветувањето кон параолимпијката Оливера Наковска Бикова, но и кон другите љубители на стрелаштво од опшината кои исто така ќе можат да го користат овој објект.
Инвестицијата за проектот е на локалната самоуправа и изнесува 1 300 000 денари 
„На златната шампионка Оливера Наковска Бикова и ветивме дека ќе и ги подобриме условите за максимално добри тренинзи. Новата спортска стрелана е на две нивоа, на првото ниво се поставени 10 стрелачки мети, а на второто ниво ќе бидат поставени електронски мети. Очекуваме посебен интерес да искажат младите. Се воодушевуваме на успесите на Оливера Наковска Бикова и затоа инвестиравме во ваков објект„ изјави веднаш по отворањето на новиот објект, градоначалникот Владимир Талески 
„ Се надевам дека сега младите ќе ги привлечеме да дојдат и да тренираат за овој специфичен спорт. Сега во овој нов објект ќе тренираме во подобри услови а се надевам дека со тоа ќе се зголемат и нашите успеси.Вие досега знаете каде тренирав и во какви услови." изјави златната параолимпијка Оливера Наковска Бикова. 

Нема коментара:

Постави коментар