Powered By Blogger

19. 2. 2014.

Вардар го праќа Пелистер кон втората лига

ВТОР ПОСЛЕДОВАТЕЛ ПОРАЗ ВО ДИРЕКТНИТЕ ДУЕЛИ ЗА ОПСТАНОК НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Вардар Апаве - Пелистер 76:68 (22:18, 18:11, 15:19, 21:20)

Кошаркарите на Пелистер го загубија и второто дерби за опстанок во најсилната кошаркарска лига и сега шансите и наредната година да бидат прволигаши се сведени на минимум. Против Вардар Апаве во Скопје долго време беа во натпреварот, но немаа одлучност и сили да го направат толку посакуваниот превсрт за голема победа.
Мечот беше отворен со израмнети сили на двете страни и континуирано менување на водството од двете страни. Но искусниот Филип Кралевски ја направи разликата и постигна серија на поени на крајот на првиот и вториот период и вардарци поведоа со +9. Враќањето на пелистерци во третиот период го најави Анакиевски со 5 последователни поени, а и Даниел Захариевски лавовски се бореше под обрачите. На крајот на третата четвртина домаќините имаа предност од 55:48, но битолчани сеуште не го кажале последниот збор. Сепак уморот ги стигна момците на Печалов и не успеаа да се вратат во мечот. 12 меч и 12 пораз за битолчани и „бездната„ кон втората лига е неизбежна. Кај Вардар Апаве, Кралевски со 22 и Керкез со 18 беа најсветлите имиња. Кочов со 10 и Ивановиќ со 18 исто така дадоа голем придонес во втората победа на скопјани против битолскиот суперлигаш. Кај Пелистер најефикасен беше Гоце Анакиевски со 19 поени, Даниел Захариевски постигна 18, Апцев беше автор на 7, а Вукасовиќ на 5 поени. Во наредното коло во спортската сала „Младост„ битолчани го дочекуваат најтрофејниот македонски тим скопски Работнички.  

Нема коментара:

Постави коментар