Powered By Blogger

6. 2. 2014.

Пелистерци го „разбија гипсот„ во Охрид

ЛЕСНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО КОНТРОЛНИОТ МЕЧ ВО ОХРИД ПРОТИВ РЕНОВА ОД ЏЕБЧИШТЕ
Пелистер - Ренова 2:0 (1:0)

Стадион „Биљанини извори„ Охрид. Гледачи: 50
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Никола Дрновски и Никола Дацовски (сите од Битола)
Стрелци: Љамчевски во 15 и Ковачев во 72 минута за Пелистер
Жолти и црвни картони: нема
Пелистер:
Пашовски, Брадаровски,Ковачев, Магловски, Миленковски, Христов, Мојсов, Анастасов, Љамчевски, Елмазовски, Воденичаров
Уште играа:
Апостоловски, Ристевски, Петковски, Марковски, Трајковски, Мирчевски, Милевски, Дуков, Велевски, Кузманов

Екипата на Пелистер во вториот натпревар во Охрид ја забележа првата победа. „Зелено белите“ на Атина Бојаџи поуспешни беа од тимот на Ренова со 2:0. Претходно фудбалерите на Пелистер претрпеа пораз од Јавор 3:0. На дождливото време во Охрид подобро се снајдоа фудбалерите на Пелистер, кои уште на стартот со голот на Петар Љамчевски поведоа со 1:0. Во вториот дел двата тренери ги сменија речиси сите фудбалери на теренот. И „втората„ постава се покажа како подобра на Пелистер откако со голот на Ковачев ја запечатија победата. Прволигашот од Џепчиште в петок со почеток во 12 часот ќе се сретне со третолигашот Младост од Царев Двор, а Пелистер в недела игра со Јавор исто така во Охрид.

Нема коментара:

Постави коментар