Powered By Blogger

9. 2. 2014.

Потврдена билијард елитата за наредниот викенд

КАКО И ШТО СЕ НАЈАВУВАШЕ, НАЈДОБРИТЕ БИЛИЈАРД ИГРАЧИ ОД КОНТИНЕНТОТ, ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ДОАЃААТ ВО ПРИЛЕП
Во билијард клубот „INSОMNIA„ во Прилеп од 14 до 16 февруари ќе се одржи најсилниот турнир во билијард некогаш одигран во Македонија. На турнирот веќе се пријавени преку 110 професионални билијард играчи.
Речиси комплетната светска билјард елита ќе биде присутна на овој спектакал, меѓу кои присутни ќе бидат: Ивица Путник од Р. Хрватска - европски првак, Шандор Тот од Р. Србија - европски првак и вицешампион, Зoран Свилар oд Р. Србија - втор европски вицешампион, Никос Економопулос од Р. Грција, кој моментално е 5-ти најдобар билијардист во светот, и учесник на Москони купот, на кој 5 најдобри играчи од Европа играат против 5 најдобри играчи од Соединетите Американски Држави. Од првите 30 на светската листа во Прилеп ќе настапат 15. Вкупниот награден фонд е 10.000 евра. Најдобриот ќе земе 2000 евра. Полуфиналните борби и големото финале ќе бидат на програмата на 16 февруари во вечерните часови.

Нема коментара:

Постави коментар