02.02.2014.

Корисен турнир за пелистерци во Вршац

СО ЕДНА ПОБЕДА И ДВА ПОРАЗИ, РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАТИЈА ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО СРБИЈА
Вршац 2 - Пелистер 27:37
Југович - Пелистер 34:30
Вршац 1 - Пелистер 32:22

Ракометарите на Пелистер последните денови од јануари ги минаа на меѓународен турнир во Србија, каде одиграа три контролни натпревари во четири дена. Најнапред момците на Томче Петрески го совладаа вториот тим на Вршац со убедливи 10 гола разлика, па загубија во израмнет натпревар со Југович од Кач, за да на крајот бидат убедливо поразени од првата екипа на Вршац, која подоцна го освои турнирот. Тренерот Петрески шанса им даде на сите ракометари, вклучувајќи ги и новајлиите и прилепчанецот е задоволен од сработеното и одиграното. Експедицијата на битолскиот прволигаш веќе се врати во Битола и покрај големото невреме во овој дел од Србија. Во наредните пет недели до стартот на вториот дел од шампионатот, зелените ќе одиграат уште неколку пријателски натпревари, главно во Битола и со македонски противници. 

Нема коментара:

Постави коментар