Powered By Blogger

5. 2. 2014.

Kои се желбите на Чкембарите за 29 роденден?

ГОДИНА НА ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА КАЈ „АРМИЈАТА„ НА НАВИВАЧИ НА ПЕЛИСТЕР
Во септември оваа година најстарата навивачка група во нашата земја „Чкембари„ ќе го прослави 29 роденден. Како и секогаш организацијата не недостигала, па Чкембарите уште сега предлагаат идеи како да го прослават нивниот ден. Како и секоја година завршната манифестација ќе биде на спортските борилишта - на стадионот под „Тумбе кафе„ или во спортската сала „Младост„ каде приврзаниците на сите клубови кои го носат името Пелистер и најдобро се чувствуваат.
Но ако е лесно да се претпостави дека „Чкембарите„ ќе организираат хуманитарни акции, изложби, иницијативи кои се нивните желби од тие за кои навиваат со децении? Не е тешко да се погоди. Армијата „зелени„ навивачи бара излегување во Европа на фудбалерите, враќање во Европа и „будење„ на ракометарите, опстанок за кошаркарите, реновираната спортска сала и нов стадион. Многу ли бараат? Со оглед на тоа што во септември ќе се знае расплетот во сите национални првенства, бурни ќе бидат тие денови „Чкембарите„ ќе ги остварат своите планови за 29 роденден, но дали ќе им се остварат и сите желби?
Историјат:


Формирањето на навивачката група Чкембари е директно поврзано со квалификациониот ракометен натпревар за влез во тогашната ‘Прва Југословенска ракометна лига’, кој се одигра во мај 1985 година, во Белград, помеѓу екипите на Пелистер и Партизан од Бјеловар. 20 автобуси со битолски навивачи отпатуваа да ги бодрат своите ракометари на тој натпревар, со што и започна значајната улога на РК Пелистер во таа лига. Тогаш, за прв пат се појави транспарент со натпис Б.М.Ч.М (Битолчани, Мотокари, Чкембари, Македонци), од што понатаму се искристализира името ЧКЕМБАРИ. Навивачи и навивање во Битола имало од кога пристигнала првата фудбалска топка, но од 1985 год. започнува нова ера во т.н. модерно навивање, организационо поставено на поинакви односи. Од тој период до денес, Пелистер ја има најбројната и најдобрата ракометна навивачка група на овие простори, па и пошироко. Се гостувало во многу градови на поранешната држава од кои би ги споменале: Белград, Загреб, Бања Лука, Урошевац, Лесковац...  По осамостојувањето на Р.Македонија, најтрофејниот клуб ја пишуваше Македонската ракометна историја постигнувајќи значајни резултати во земјава и странство. Во тој период, навивачката група Чкембари, како осми играч, патуваше низ Македонија и Европа. Би ги споменале гостувањата кај Киелце (Полска), Лемго (Германија), Гудме (Данска), Фленсбург (Германија), ПСЖ (Франција), Варна (Бугарија), Скјерн (Данска)...  Кога ќе се навратиме на формирањето на н.к. “Чкембари”, кој својата поддршка им ја даваше на сите битолски екипи, тука посебно би се истакнал фудбалскиот клуб “Пелистер”. Клубот играше во втората Југословенска лига и за прв пат, на 05.08.1991 се сретна со ФК Вардар. Од тој ден, до ден денес трае огромното ривалство помеѓу Чкембари и Kомити. Многубројните гостувања, бројноста од над 2000 членови, безбројните пиротехнички и други декорации, како и најголемите инциденти во историјата на македонското навивање, се фактор кој укажува дека ЧКЕМБАРИ се најдобрата навивачка група во Македонија, во континуитет од повеќе од 20 години. Важно е да се спомене дека со Чкембарите се поврзани двата најголеми инциденти кои се случиле во Македонија. Првиот се случи на 08.03.1991 во Битола, на фудбалски натпревар во тогашната прва YU-лига. Натпреварот не се одигра. Беше прекинат од меѓусебната пресметка помеѓу Чкембарите и полицијата. Вториот инцидент беше во Битола кога натпреварот Пелистер – Вардар, воопшто не започна и не се одигра (13.06.1993). Причината беше повторно иста – пресметка помеѓу Чкембарите и полицијата на градскиот стадион под Тумбе Кафе и низ битолските улици, а епилогот беше: многу повредени и притворени. Според официјалните полициски извори, полесно и потешко повредени беа 37 полицајци. За сите тие настани, спортскиот коментатор на МРТВ, Атанас Костовски , своевремено ќе рече: “Чкембари - Полиција 2:0” Чкембарите во изминатиот период, иако битолските спортски колективи се соочуваат и се соочувале со тешки кризи секогаш максимално ги поддржуваат и бодрат. Битола е градот кој е најпосетуван на спортските терени од своите навивачи. За крај, важно е да се спомне дека навивачкиот клуб “Чкембари” е со силно изразено патриотско чувство кон својата татковина - Р.Македонија, а тоа го докажале многу пати досега со својата максимална поддршка кога игра националниот тим во земјава или странство.

Нема коментара:

Постави коментар