Powered By Blogger

15. 2. 2014.

Драгарски конечно подготвен за натпревар

ПО НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ПАУЗА, МЛАДИНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОДГОТВЕН ЗА КОНТРОЛНИТЕ МЕЧЕВИ
На самиот почеток на подготовките на Пелистер, столбот на одбраната Христијан Драгарски незгодно се повреди и мораше да одсуствува во 4-5 контролни натпревари. Во меѓувреме тренираше одделно од групата и стручниот штаб не ризикуваше со неговото враќање. За време на првиот дел од шампионатот, пелистерци често остануваа и без Драгарски и без Ковачев, па во недостаток на алтернативи и Брдаровски и Китановски беа користени во централниот дел на одбраната.
Сега од шест месечната одстапка од Миравци се врати Тони Магловски и се наметнува во досегашниот припремен период. Драгарски треба да одигра едно полувреме на мечот со Борац Чачак в недела. Слично се развива и рекуперацијата на Благојче Главевски. Физички е спремен, но му недостигаат натпревари и Бочевски и неговите помошници не сакаа по секоја цена и на лоши терени да го вратат голгетерот. По 15 минути против Шкупи се очекува утре Главевски да добие поголема минутажа. Во овој момент Воденичаров, Милевски, Марковски и Главевски со подеднакви шанси влегуваат во битката за стартер во нападот, а според системот на игра мала е веројатноста дека Бочевски ќе го менува тактичкиот мозаик и ќе настапи со двајца од споменатите напаѓачи.

Нема коментара:

Постави коментар