Powered By Blogger

3. 2. 2014.

Дејо и Цапар неразделни и ден-денес

ДВЕ ГОЛЕМИ ЛЕГЕНДИ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА И ДЕНЕС ВО ОДЛИЧНО ОДНОСИ
Поранешниот македонски селектор Драган Канатларовски кој со својот тим Спартак од Суботица е на подготовки во Будва, Црна Гора, вчера имqше пријатно друштво, при посетата од првиот човек на Фудбалската федерација на Црна Гора, Дејан Савичевиќ.
Во текот на вчерашниот ден, сегашниот претседател на Фудбалската федерација на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, ја искористи можноста да го посети хотелот “Блу стар”, каде што со својата екипа е сместен нашиот стратег Драган Канатларовски, со кого се  добри пријатели, а воедно и  поранешни соиграчи од Црвена Звезда. Канатларовски и Савичевиќ за време на средбата се потсетиле на убавите моменти од 1989 година кога заедно го носеа дресот на Црвена Звезда, информираат црногорските медиуми. Савичевиќ при заминувањето ветил дека и покрај сите негови обврски, до крајот на престојот на Спартак во Будва, уште еднаш ќе го посети нашиот стратег и неговиот тим. Драган Канатларовски комплетно го препороди изминатава есен тимот на Спартак. Со српскиот суперлигаш избори и пласман во полуфиналето од Купот на Србија, елиминирајќи го белградски Партизан.

Нема коментара:

Постави коментар