Powered By Blogger

4. 2. 2014.

Како минути го делеа Ивановски од Ваљадолид

НЕВЕРОЈАТНО СЦЕНАРИО ВО ПОСЛЕДНИТЕ МИНУТИ ОД ПРЕОДНИОТ РОК ВО ШПАНИЈА
Македонскиот трансфер на зимскиот преоден рок, беше на прагот да се случи во 5 до 12, како што впрочем се случуваат сите големи трансфери. Имено младиот 24 годишен битолчанец Мирко Ивановски за „влакно„на 31 јануари не заврши во шпанскиот прволигаш Ваљадолид. Виолетовите од северна Шпанија постигнаа заеднички јазик со романскиот клуб Астра Плоешти за одстапка на шест месеци на напаѓачот со право на одкуп на лето.
Фудбалерот ги договори своите лични услови, откако блескаше на шпанските подготовките на Астра. И кога се чинеше дека се ќе биде верификувано, пристигна и факсот од шпанскиот клуб, федерацијата на Шпанија го блокираше трансферот, бидејќи бараше превод на потребните договори со оглед на тоа што се работи за меѓународен трансфер. Времето не им беше сојузник на двата клуба и не постоеше повеќе од неполн час за перфекционизирање на трансферот. Ваљадолид забележа дека „ветото„ на федерацијата ќе го пролонгира трансферот најмалку до лето и го купи на одстапка Жефрен од Спортинг Лисабон. Ивановски кој игра одлично веќе втора сезона во Романија, најверојатно ќе биде на радарот на Ваљадолид до на лето, а потоа ќе има и време и простор преминот да се реализира. 
Одамна македонски фудбалер не играл во првата шпанска лига. Давид Бабубски одлично се развива во Барселона Б, а во минатото во една од најсилните европски лиги настапувале: Китановски во Сабадељ, Петров во Бургос, Стојковски во Овиедо, Канатларовски во Депортиво Ла Коруња, Илија Најдовски баш во Ваљадолид, Бобан Бабунски и Горан Станиќ во Леида. 

Нема коментара:

Постави коментар