Powered By Blogger

12. 2. 2014.

Сашко Дуков на позајмица во Напредок

КАВАДАРЧАНЕЦОТ НА КАЛЕЊЕ ВО НАПРЕДОК ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА 
19 годишниот напаѓач на Пелистер, Сашко Дуков до крајот на шампионатот на Првата лига, во преостанатите 14 мечеви ќе го носи дресот на кичевски Напредок на позајмица. Управата на Пелистер се одлучи на овој потег како кавадарчанецот би имал можност повеќе да игра и да го наметне својот квалитет. Се работи за младо момче кое многу рано замина во странство во младинските категории на ОФК Београд, Кубан Краснодар и сега во Пелистер.
Играше многу малку во есенскиот дел од шампионатот, а на тест мечевите доби шанса и со Јавор и со Победа од првата минута. Во конкуренција на Воденичаров, Марковски, Главевски ќе беше затворен во зелениот дрес, па во Напредок заминува по минути за игра и по искуство. Планот на Пелистер е в лето да го врати во клубот, исто како Дејан Велевски кој од пред некој ден го засили прилепски 11 Октомври. 

Нема коментара:

Постави коментар