Powered By Blogger

11. 2. 2014.

Борац Чачак и Напредок, спаринг партнери на пелистерци


СРПСКИОТ ПРВОЛИГАШ БОРАЦ И „ФЕНЕРЏИЈАТА„ НАПРЕДОК, ПОСЛЕДНИ ПРОТИВНИЦИ НА ПЕЛИСТЕР ВО ОХРИД
Од денес фудбалерите на Пелистер се наоѓаат на подготовки во Охрид, каде ќе останат до крајот на наредната недела, а потоа ќе ги финализираат истите во Битола на само 10 дена до пролетното деби со Работнички. Имено федерацијата го помести првото пролетно коло за 1 март, а до тогаш уште четири пати Бочевски ќе ги тестира фудбалерите за да го најде вистинскиот тим за официјалните мечеви. Така во четврток на стадионот „Атина Бојаџи„ следува мечот со Шкупи, па во недела Пелистер пак ќе игра со српски прволигаш. Борац од Чачак, каде до пред неколку месеци настапуваше Стефан Спировски ќе биде противник на зелените, додека наредната сабота пред заминување од Охрид, битолчани ќе играат со бившиот клуб на Драган Бочевски, кичевски Напредок. Се уште е непознат противникот за во битолскиот тест на 5 дена пред мечот со Работнички, но ќе биде дефиниран во текот на овие денови.

Нема коментара:

Постави коментар